Постои тажна легенда за настанувањето на името на градот Тетово

Дали сте слушнале дека постои тажна легенда за тоа како настанало името на македонскиот град Тетово?Според тажната легенда кои ја раскажуваат старите тетовчани градот името го добил во сеќавање на едно мало девојче кое се загубило во шумата. 
Приказната започнува кога едно младо девојче заедно со својата тетка отишло на чешма да наполни вода. Додека тетката полнела вода во стомните, девојчето понесено од детската љубопитност, се заиграло и навлегло длабоко во планината. 
Кога се стемнило од девојчето немало ни трага ни глас, а тамошните мештани почнале да го бараат низ целата планина. 

Барале долго време низ темниците во планината и наеднаш слушнале крик кој велел: Тетоооо Волк!!!
 Девојчето викало на сиот глас, Барало помош! Тамошните мештани побрзале да го пронајдат девојчето но неуспале во намерата за да го пронајдат девојчето.
 
Бидејќи од ехото се слушнало само Тето вооо…во чест на трагично загинатото девојче, старите мештани решиле градот да се вика Тетово. 
 Според тажната легенда кои ја раскажуваат старите тетовчани градот името го добил во сеќавање на едно мало девојче кое се загубило во шумата. 

Пронајдете не на следниве мрежи: