Потпечен МЛАД КОМПИР со ПРЕЛИВ: Јадење кое мора да го пробате!

Јадење кое мора да го пробате!Потребни состојки:
750 гр млад компир
2 лажици маслиново масло
сол, бибер
Прелив
1 чешне лук
70 мл маслиново масло
2 лажици сенф
2 лажици јаболков оцет
1 лажица шеќер
2 лажици крупно исечкан свеж магдонос
сол, бибер
Подготовка:
Измијте го младиот компир и исечете го на половинки/нормално тоа се однесува на помалите компири, ако се поголеми преполовете ги на четвртинки, внимавајте од прилика да бидат иста големина. Наредете го компирот на хартија за печење поставена во плех, намастете го со 2 лажици маслиново масло, посолете и забиберете.
Печете го компирот во загреана рерна на 220С 20-30 минути додека не добие златна боја и не стане крцкав.
Додека компирот се пече направете прелив од сенфот, ситно исецканиот лук, остатокот од маслото, шеќер и јаболков оцет, така што се ќе ставите во еден сад, и мешајте се додека не добиете хомогена смеса, дополнително посолете и ставете бибер.
Печениот компир ставете го во сад за сервирање, прелијте со преливот, посипете со крупно исечканиот свеж магдонос.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и сл. можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МКПотребни состојки:
750 гр млад компир
2 лажици маслиново масло
сол, бибер
Прелив

Пронајдете не на следниве мрежи: