Потполно непознато индијанско племе излезе од прашумата и стапи во контакт со надворешниот свет

Група Индијацни без досегашен контакт со надворешниот свет, пред нешто повеќе од месец дена се појавија од амазонската прашума и стапија во мирољубив контакт со бразилското индијанско племе Ашанинкас. Имено, тие бегале од насилството кое што се случувало во Перу.Бразилската државна управа за индијански прашања, објави видео од досега непознатите Индијанци кои оствариле контакт со Ашанинкасите на брегот од реката Енвира, во бразилската држава Акре, која е во соседство со Перу. Снимката покажува како еден Ашанинкас им нуди банани на двајцата голи Индијанци, кои се опремени со лак и стрела.
Во друштво на Ашинкасите се наоѓаше и претставник на управата за индијански прашања Карлос Травасос, кој претпоставува дека Индијанците ѝ припаѓаат на лингвистичката група „пано“ и дека ја преминале границата за да се спасат од илегалните дрвосечачи и трговците со дрога.
– Тие раскажаа дека биле нападнати од локалните жители и дека имало многу мртви. Пред тоа, тие страдале од грип и дифтерија – изјави локалниот домородец Јаминава Хозе Кореиа.
Владата упатила лекарски тим за да им помогне на заразените Индијанци, а загриженост изрази и светската задруга Survival International, која се бори за правата на домородското население.
Инаку, бразилскиот дел на Амазон е дом на најголемиот број на индијански племиња, дури на 77 од нив.Бразилската државна управа за индијански прашања, објави видео од досега непознатите Индијанци кои оствариле контакт со Ашанинкасите на брегот од р

Пронајдете не на следниве мрежи: