Потресна исповед на една проститутка: Двајца Македонци ме спасија од тој ужасен свет!

Бугарка која била жртва на трговија со луѓе и работела долго време како проститутка си ја отвори душата и за бугарската теелвизија ТВ7 ја раскажа својата потресна приказна. Таа влегла во водите на трговијата со луѓе во 1999 година.
„Пријатели ми понудија пари, ме однесоа во Благоевград каде што првпат бев продадена. Ми беше понудена голема сума на пари. Ми рекоа дека можам да си повикам и пријателка за да не бидам сама. Тргнавме со една моја познаничка, која не ја познавав многу добро. И реков дека одиме на екскурзија. Имав голема доверба во мојот поранешен пријател. Отидовме во еден стан во Благоевград каде што имавме цигари, пиење, јадење, купони… Ги прашав пријателите да не се работи за проституција, ми рекоа дека тоа нема никаква врска со нив. Тогаш дознав дека почнаа да се споменуваат некои Македонци кои требаше да ме купат. Во еден момент останавме сами во станот заедно со неколкјумина непознати луѓе. Влеговме во некоја кола и тргнавме кон Македонија. Полиција немаше. Ја преминавме границата, а едната од нас во грбот имаше вперен пиштол. Ја поминавме границата и ни рекоа отворено што треба да правиме. Ни рекоа дека тука ќе мора да се разделиме со пријателката и дека ќе не убијат ако не се проституираме. Не продадоа некаде во близина на Охридското Езеро, го пренесува бугарскиот весник 24сата, интервјуто на несреќната Бугарка.

Таа додава дека била со уште една Украинка и Романка, а во куќата каде седела имало околу 20 девојки. 
„Ни носеа јадење, се грижеа за нас, а вечерта не облекуваа во некои фустанчиња и не не носеа во еден бар. Таму требаше да играме, а мажите си избираа која девојка ја сакаат и одеа во еден хотел во близината на барот. Никогаш не сум избројала со колкумина сум имала секс. Јас не сакав да работам како проститутка. Ако се вратев без пари, ме тепаа и ме враќаа кај мажите“, раскажува девојката.
Од тука, девојката била однесена во Албанија каде останала околу две недели, а потоа заминала во Италија. Таа вели дека не успеала да ги извади парите кои биле предвидени, па затоа Албанците многу ја тепале. Потоа таа завршила во Париз и Ротердам.
„Во Ротердам беше ужас. Играв полугола, мажи ме носеа во собата, некои сакаа без презерватив, не можев на тоа да се спротивставам, не ги интересираше дали сум прегледана или не… На макроата не им беше гајле. Ме гледаа само како машина која носи пари. Во Холандија ми даваа кокаин за да имам повеќе сила за да го издржам сетоа тоа. Ни одредуваа сума, ако не – ќотек“, вели девојката.

За среќа, Бугарката успеала некако да исконтактира со свои роднини, па така и била спасена.
„Некако успеав да се јавам на моите роднини. Ги замолив да ми помогнат и им реков дека сум во Холандија. Од нив разбрав дека и Интерпол ме бара. На сите им беше многу страв затоа што моите макроа беа Албанци. Еден ден успеав да избегам без нити стотинка во мене. Прво што ми текна беше да побарам полицаец. Најдов еден. Ми рече дека му е гајле што има потерница по мене. За среќа сретнав двајца мажи Македонци. Ми помогнаа. Ми кажаа каде да одам. Отидов ви бугарската амбасада“, се сеќава на ужасот Светла.Таа влегла во водите на трговијата со луѓе во 1999 година.
„Пријатели ми понудија пари, ме однесоа во Благоевград каде што првпат бев

Пронајдете не на следниве мрежи: