ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА РОБИНКА НА АРКАН: „Ме силуваа 6 месеци, гасеа цигари од мене по гениталиите“…

„Се менуваа на денови, додека не останав во безсвесна состојба. Мажот никогаш повеќе не го видов. Шест месеци ме водеа кај Аркан. Бев негова робинка. Се изживуваше на мене додека не паднев во немоќ, па тогаш ме препушташе на другите. Еднаш ми ја искуба целата коса. Раката ми ја замота во косата и ми ја кубеше се додека не останав ќелава. Ми ја расече и дојката„- потресно раскажува М.М од Бјелина.„Не постојат зборови со кои може да се опише сета болка, сето тоа понижување и страв кој се чувствува од тие луѓе. Еден, друг, трет… Се редеа така задоволувајќи се со мене иако самошто бев породена. Имав само 20 години кога започна мојот пекол…“
Траумата со која се здобила уште од 1992 година ја прати цел живот. Нејзиното сведоштво е едно од најстрашните…
Според нејзините зборови најголемите злосторства и ги направиле резервистите кои дошле од Србија а на кои командувал Жељко Ражнатовиќ Аркан.
„Живеев со свекрвата, мажот и двете деца. На почетокот на април 1992 година во куќата насилно влегоа неколку луѓе на Аркан, брадести со шубари на главата. Маж ми го удрија, ја изгуби свеста, а потоа ме удрија и мене. Се разбудив облиена во крв. Лежев немоќна, претепана, силувана, измачена, понижена и обесчестена“- кажува М.М
Како што кажува таа , мислела дека тоа е најлошото кое може да и се случи.Но, ужасот, штотуку започнал…

„Се менуваа на денови, додека не останав во безсвесна состојба. Мажот никогаш повеќе не го видов. Шест месеци ме водеа кај Аркан. Бев негова робинка. Се изживуваше на мене додека не паднев во немоќ, па тогаш ме препушташе на другите. Еднаш ми ја искуба целата коса. Раката ми ја замота во косата и ми ја кубеше се додека не останав ќелава. Ми ја расече и дојката- потресно раскажува М.М од Бјелина.
„Не самошто ме силуваа, туку и ме тепаа и ме сечеа по целото тело. Секаде имам белези, гасеа цигари од мене, по гениталиите… Сакам сето тоа да го заборавам, но неможам. Белезите по вратот, рацете и низ целото тело ме потсетуваат на тоа секој ден…“
Нејзината голгота траела до 18 април 1993 година, кога од ужасот ја извлекол нејзиниот сосед и пријател на нејзините родители , откупувајќи ја за 5.600 германски марки.
„Отидов во Тузла каде не сместија во избеглички камп. Со 21 година јас бев веќе потполно бела во косата, скршена, изгорена. Дознав и дека сум бремена. Не сакав да го родам тоа дете, неможев“- низ солзи раскажува несреќната жена.
„Не ми е лесно да зборувам за ова. Денес сум 100% инвалид.Неможам да најдам работа. Живеам во Сараево со мојот маж кој исто не работи. Се храниме во „Мергаметовата кујна“. Редовно одам на психотерапија. Во војната изгубив 39 членови од семејството. Три пати сакав да извршам самоубиство. Среќна ме прави само тоа што децата ми се израснати, добри ученици и иако живееме во трошен стран, тие се благодарни што ме имаат“- кажува таа.
 „Не постојат зборови со кои може да се опише сета болка, сето тоа понижување и страв кој се чувствува од тие луѓе. Еден, друг, трет… Се ред

Пронајдете не на следниве мрежи: