Потресна приказна: Очувот го злоставуваше мојот брат, а мене ме силуваше

 
Пред да заминам на работа додека го пиев моето утринско кафе и размислував за своите обврски во текот на денот. Заѕвоне телефонот…Помислив зошто некој би ме барал вака рано? Помислив,веднаш дека нешто му се случило на Томо, па ја подигнав слушалката.
-Добро утро. Докторка Јурак на телефон, се јавувам од болница. Треба да разговарам со Маја- ми се обрати непознатиот женски глас.
-Да повелете- одговорив.
-Извинете што ви се јавувам вака рано, но итно е.  Се јавувам во името на Ивица, кој  веќе неколку недели е хоспитализиран во нашата болница. Сака да ве види. Не знам во каква врска сте, но секако подобро да побрзате.
– Во ред, ви благодарам – прошепотив и ја едвај ја спуштив слушалката. Додека телото ми трепереше, солзи течеа по моето лице, горчина и срам повторно почувствував после шест години. Како само се осудил да ми се јави? Зарем нема ни малку срам?
Томо…морам да му се јавам, тој мора да знае.
-Што е Маја? Зошто плачеш? Имаш ли проблеми на работа?- збунето ме запраша Томо.
-Не се е во ред на работа, но само што ми се јавија од болница. Ивица е во болница, сака да ме види, колку што разбрав сериозно е болен. Мислам дека ќе умре.
-И? Не рзбирам, зошто тоа тебе би те интересирало. Не сакам ни да се сетам само на се што тој човек ни направи.
– Знам, но неговите најблиски се во странство. Што и да се случило останува во минатото. Не можам човек пред умирање да го оставам на „цедило“.
-Молам? Добро што е со тебе Маја, се однесуваш како некој да ти го „испрал“ мозокот. Како можеш тој монструм да го наречеш човек кога не е. Кога подобро ќе размислам не сакам ни да разговарам за него. Прави што сакаш, но овој пат не те подржувам. Жал ми е.
Знаев дека немам право да му судам за презирот што го чувствува кон нашиот очув. Горчина и омраза долго време се собираа во неговото срце.
Лошите сеќавања и уште полошите спомени се тешки за отстранување, колку и да го сакаме тоа. Бог, ми е најголем сведок, дека многу претрпевме во детството растејќи во куќата на Ивица. Но, додека размислував што да направам, мислите ми се вратија во минатото кога имав 5 години, а Томо мојот брат 6 години. За плетенките кои мојата мајка ми ги сплете да изгледам прекрасно, кога се преселивме, по смртта на мојот татко.
По пристигнувањето во новиот град, мојата мајка се трудеше да глуми воодушевена за да ни се допадне новото место и на нас. Томо беше воодушевен од детскиот парк, а уште порадосен кога мама ни кажа дека кога сакаме ќе можеме да си играме таму. Па ни кажа дека сега прво треба да го најдеме Ивица. Неколку моменти подоцна стоевме пред трошната куќа на Ивица. Од лошата миризба Томо го затвори носот. По неколку минути се отвори вратата.
-Ооо, стигнавте? Морам да признаам дека се уште не ве очекуваав. Влегувајте што чекате.
-Искрено едвај те пронајдов, мислев дека ќе не пречекаш на станица – кажа мајка ми.
-Дај, мила немој веднаш да се лутиш, имав работа. Погледни што подготвив за вас. Деца, што ме гледате, моето име е Ивица и од денес ќе живееме заедно. Сигурно сте гладни, послужете се.- конечно ни се обрати.
Бев, гладна па земав неколку од колачињата на масата, но тогаш Ивица ми викна-Млада дамо не си сама, треба и за другите да има. Па се насмевна со некој чудна гримаса.
Мојата мајка тогаш не искара, ни велеше дека секогаш не учела за добро однесување. Потоа ни кажа дека може да одиме и да си играме во паркот. Таа и Ивица требало да разговараат и да се договорат за многу работи.
Томо едвај дочека да излеземе и веднаш ми се обрати- Овој Ивица воопшто не ми се допаѓа.
-Но мама вели дека е добар и дека ќе ни биде добро кај него. Дури ни купил и колачи – реков јас.
– Што ти вреди, кога на крај не успеа да земеш ни едно.
– Молчи, немој мама да те слушне дека зборуваш лошо за него, дали заборави што ни кажа во возот.
– Што сака нека зборува, зошто не донесе во ова село, каде што никого не познаваме. Ивица не ни е татко.
Вечерта мајка ми подготвуваше вечера, беше насмеана и забележав дека поради нешто е многу среќна.- Деца, јас и Ивица следната недела ќе се венчаме. Нели е тоа прекрасно? Ивица добро ќе се грижи за нас, ништо нема да ни недостига.
Не ми требаше многу за да забележам дека Ивица воопшто не е искрен, веднаш по венчавката почна да го покажува своето  вистинско лице. Секогаш бше нерасположени, постојано ни наредуваше.  Томо беше приморан да носи дрва кои беа потешки од него. Кога мојата мајка ќе кажеше дека таа работа не е за Томо, тој иронично одговараше дека сигурно нема тој да ја работи.Наместо да збориш веднаш да ги исчистиш моите чевли- ќе и возвратеше. Но тоа беше само мал дел од пролемите кои тој период го снајдоа нашето семејство.Пари имаше што помалу, а нашите оброци стануваа се посиромашни.
Мама, постојано не уверуваше дека тоа е само повремено, додека Ивица да најде некоја работа. Но, не ми требаше многу за да сфатам дека правилата за штедење не беа исти за сите нас. Додека ние јадевме само компири, за Ивица секогаш имаше припремено месо, па потоа редовно пиеше по едно или две пива. За неговата зависност од цигарии воопшто и да не зборувам.
Томо еден ден изреволтирано рече- Доста ми е од овие компири, секој ден исто. На тоа Ивица многу се налути, а кога мојата мајка се обиде да го одбрани Томо, објаснувајќи дека тој е само дете, тој ја удри.
Потоа Ивица и викна- Замолчи,како си ги одгледала не почитуваат што се мачам поради нив, а како твоите дечишта ми враќаат. Почна да го вади неговиот ремен.
Веднаш отидов  во солзи кон мојата мајка. Таа низ солзи го молеше Ивица да се смири, додека низ носот и течеа капки крв. Но таа ми се обрати со- „Бегај Маја, оди во соба“. Но таму ги слушам само ударите на Ивица и плачот од болка на мојата мајка но и на мојот брат. Тој ги претепа двајцата. Колку и да сакав да му помогнам знаев дека не можам. Успеав да соберам сила да избегам од собата и зградата. Неколку жени кои се најдоа во близина на зградата изненадено гледаа во мене.Панично се обидував да најдам место каде што би се скрила.
Па ми се обратија- Што се случува горе? Зошто плачеш? Миселвме дека Ивица ќе се смири откако ќе се ожени, но за жал не е така.
Младата жена која се обиде да ми помогне ми се обрати со ми зборови-„ Ти сигурно си Маја, доброто и мило девојче за коа сум слушнала се најубаво. Јас сум Нада, можеш да ми веруваш, живеам во близина. И јас имаам ќеркичка колку тебе, сигурна сум дека би сакала да си играте заедно. Сакаш да ја запознаеш?
Веднаш климнав со главата. Тоа попладне ми беше најубавото во живото, запознав нова пријателка, имав прилика да ги пробам вкусните палачинки на Нада, уживав додека си играв со Зора. Но кога отидов дома се провлеков низ вратата за Ивица да не забележи дека сум се вратила. Но тој не беше дома, само мајка ми и Томо. Томо плачеше и беше со модринки по целото тело.
Ја запрашав мојата мајка дали Томо ќе умрее. Таа ми одговори- „ Не грижи се, Томо падна по скали но ќе оздрави, Ивица појде да набави лекови.“
Таа вечер не можев да заспија, кога станав мојата мајка не беше дома, отишла да работи на нивата кај комсиите. Кога Ивица дојде дома љубезно се однесуваше кон Томо, дури му купил и чоколадо. Забележав дека Ивица се плаши од нешто.
Томо, беше мирно дете , понекогаш имаше проблеми во училчиште, но не беа ништо спрема тортурата која секојдневно ја трпевме од Ивица, физичкото малтретирање и навредите.
На почетокот мојата мајка се трудеше да го сопре кога не претепуваше, но на секој нејзин обид и таа беше малтреитира, па подоцна се помири со судбината и не се не обидуваше да го сопре.
Еден ден на нашата врата дојде жена од социјалната служба, според нејзиниот израз на лице се гледаше дека намерата за посетата не е најдобра. Но, после разговорот со Ивица и мајка ми таа си замина.
Јас започнав да одам во училиште, многу се радуваав на времето кое таму го поминував,далеку од дома опкружена со деца со кои можев да си играм. Во меѓувреме го добив својот полубрат Кико, за кој бев задолжена да се грижам. После неколку месеци мојата мајка ми соопшти дека повторно е бремена. Па шест месеци подоцна се роди Игор. Не сакаше, но Ивица беше приморан д анајде работа.
Како поминуваше времето телото почна да ми се менува, пораснав. Кога имав 14 години мојата мајка имаше проблеми со здравјето, додека таа беше во болница, јас готвев и се грижев за сите. Ивица почна да има проблеми со алкохолот, секој ден се враќаше дома пијан и подоцна ја изгуби работата што едвај ја најде.
Еден ден додека немаше никој дома, тој дојде пијан. Ми беше страв, потоа моите најголеми стравови стаан реалност. Дојде близу до мене и ми прошепоти-„Што велиш ние малку да се забавуваме ? “  Потоа ме силуваше. Целото тело ме болеше но тоа не беше ништо во споредба со болката што ја чувствував во душата. Потоа дрско ми се обрати, дека за тоа не смее никој да знае.
Едвај отидов до мојата соба, почнав да се гушам во сопствените солзи. Омраза го обзеде моето тело како никогаш до тогаш.
Сега седејќи со ладното кафе до мене, заѕвоне ѕвоното на вратата. Тоа беше Томо кој одлучил да дојде со мене да го посетиме Ивица. Признавам дека бев лут на тебе на почетокот што сакаш да одис во болница и повторно да го видиш тој монструм. Ни нанесе многу зло. Но сепа, чим ти си успеала после се да му простиш и да го посетиш, можам и јас. Освен тоа, нели ние двајца секогаш се подржувавме и бевме еден покрај друг. Додека прегрнати стоевме, знаев дека Томо секогаш ќе биде мојот брат заштитник и најважната личност во мојот живот. Со него покрај мене не се плашам од иднината.
 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
  
Пред да заминам на работа додека го пиев моето утринско кафе и размислував

Пронајдете не на следниве мрежи: