Потресна приказна за момче од Ирак: Доколку Ајмен преживее чувај го, а доколку почине…

Пред година дена, брачен пар од Ирак му оставил штотуку родено бебе на Радош Ѓуровиќ. Малиот Ајмен се родил во Србија, два месеци пред рокот. Сместен е кај хранител во Обреновац.„Гледам дека си добар човек. Ти го оставам детето. Доколку преживее чувај го, а доколку почине погребај го. Јас морам понатаму“, го слушам преведувачот, а младиот човек ме гледа грозничаво со очај и надеж право во очите, држејќи ме цврсто за рамената, како да се потпира на нив. Бегалец е од Ирак, имигрант е на пат кон Европа. Го гледам за прв пат, а ми го остава штотуку роденото дете. Вели дека на момчето му го дал името Ајмен. Во шок сум и се обидувам да одговорам, но човекот веќе трча кон жолтото такси кое го чека. Се сврте и со истиот оној поглед повторува- чувај го, ќе ти се јавам!“.
Радош Ѓуровиќ, директор на Центарот за помош  и заштита на баратели на азаил, вели дека никогаш нема да го заборави тој ден. Било крај на ноември. Во Боговаѓи азилантите спијат во шума, нема место во центарот. Мештните протестираат, а несреќните луѓе мрзнат, се бара решение. Само што се вратил, го барале од Институтот за неонатологија во Блград. Велат, стигнало бебе „имигрант“. Има многу мали шанси да преживее.
„Мајката и таткото – азиланти, стигнале од болницата во Ваљево не го познаваат јазикот, немаат документи…“, се присеќа радош. „Стигнав во клиниката со преведувач и во ходникот  затекнав избезумен, млад човек, на чие лице препознав бегалска мака, тешки километри кои ги поминал од длаечниот Ирак до Србија со трудна жена и грижа за штотуку роденото дете. И прашањето – што понатаму?
Бегале кон Европа за да го избегнат насилството, тероризмот, бедата. Кога влегле во Србија, жената веќе била во седмиот месец од бременоста. И тоа трети пат. Претходните два пати ги изгубила бебињата. Пешачеле неколку стотина километри по снегот, за да стигнат во Боговаѓа. Од границата ја носел жената во раце, бидејќи повеќе не можела да оди. Кога стигнале во близина на Ваљево, таа почнала да се породува. Два месеци пред рокот. Некој од мештаните, кого зарекле на пат, ги одвезол во болница. Младата Ирачанка преживеала тешко породување. За животот на бебето докторите се бореле со часови.

 
„Само неколку часа откако стоев како закопан на снегот и гледав по човекот кој последните пари  ги даде на трговците на луѓе за да стигне до Западна Европа, докторите ми рекоа дека малиот Ајмен е подобро“, се потсеќа Радош – „Ќе преживее“, ми рекоа. Се радувам и мислам- што сега? Прд мене е комплицирана правна процедура, во чиј исход не бев сигурен…

Иако се работи за бебе, за да има правен статус  мора да побара азил. За да добие документи, идентитет, па и иднина, би морало да добие статус на азилант. Успеавме. Знаев дека не смеам да дозволам родителите да го изгубат  правото на старателство, како и тоа дека бебето мора да биде на сигурно“.
Момчето за кратко закрепнало и било сместено во семејство за згрижување. Така „бебето азилант“, кое  во мајчината утроба од Ирак, преку Турција, Грција и Македонија стигнало во Србија, во домот на Александар и Сузана Недељковиќ. Тука малиот Ајмен ги преживеал и овогодинешните поплави.
Четиригодишната ќерка на Александар и Сузана го обожава малиот Ајмен, која откако наслушнала дека наскоро Ајмен ќе си замине го крие и штити од сите.
„Го обожава својот помал брат и не знаеме како ќе го поднесе неговото заминување. А не знаеме ниту ние“, вели Александар.
Ајмен би требало наскоро да им се придружи на своите родители кои добиле азил во една западноевропска држава.
Му се јавиле на Радош неколку месеци по заминувањето, кога азилната процедура го дозволила тоа.

 
„Кога им кажав дека детето е живо, од другата страна на линијата го слушнав вресокот на мајката, скокање, плачење, смеа, радост“, раскажува Радош.
„Пред неколку дена им испратив фотографија од Ајмен, но не знам дали поставив правилно. Вознемитени се, плачат. Прашуваат кога ќе заврши правната процедура. Дали тие можат да дојдат во Србија само за да го видат. Преведувачот се обидува да одговори на илјада прашања, дали има заби, дали внимаваат  на него, што вели, дали ќе се навикне на нив?

Свесен сум дека за него е најдобро да биде покрај своите родители и дека тие едвај чекаат да го видат. Но при самата помисла на неговото заминување ми се насолзуваат очите. Тој е и наше дете. Па, го подигнавме од килограм месо…“, вели старателот Александар.
За неколку дена во присуство на социјални работници малиот Ајмен ќе застане пред камера за да се види со својата мајка. Ќе го видат синот за прв пат. Тука некаде ќе биде и Радош Ѓуровиќ и ќе го погледне младиот Ирачанец во очи и ќе му каже: ‘Ти го сочував детето’.„Гледам дека си добар човек. Ти го оставам детето. Доколку преживее чувај го, а доколку почине погребај го. Јас морам понатаму“, го слу

Пронајдете не на следниве мрежи: