Прочитајте и размислете како вие се однесувате со другите луѓе.Живеело еднаш едно многу лошо и збеснато момче. Со сите лошо се однесувало. Сите луѓе ги навредувало и понижувало. Немало човек кому лош збор не кажало.
Таткото му решил еден ден да го научи една убава животна лекција, па го повикал момчето. Тоа, иако со големо негодување, дошло. Татко му го одвел во задниот двор од куќата кој бил заграден со дрвена ограда. Таткото му дал на момчето чекан и полна кофа клинци и му рекол:
-Слушај, синко. Сакам секој ден кога ќе си нервозен и налутен и кога некому ќе речеш или направиш нешто лошо да заковаш еден клинец во оградата.
Момчето се согласило. И така секој ден ковало по еден клинец во оградата. Минувале денови, недели, месеци, се додека еден ден момчето останало смирено и не заковало ниту еден клинец во оградата. Веднаш пошло кај татка си да му ја каже таа убава вест. Таткото овој пат му рекол:
-Убаво, сине. Сега сакам секој ден кога ќе останеш мирен и нема никога да повредиш да вадиш по еден клинец од оградата.
И така минувале и минувале деновите, и дошол денот кога момчето ги извадило сите клинци од оградата. Веднаш отрчало кај татка си да му каже дека во оградата повеќе нема клинци. Таткото го фатил за рака и го однел до оградата. И тука му рекол:
-Убаво стори, сине. Но, погледни ја сега оградата. Таа е буквално парчосана. Секаде има дупки во неа. Така е сине, и со луѓето. Клинците кои ти ги дадов се лошите зборови тови кои им ги кажуваше на нив.
Ти во секој човек закова по еден клинец, и потоа го извади. Но дупката, односно раната на душата останува за навек. Кога некому лош збор ќе му кажеш, џабе е потоа и илјада пати да се извиниш. Дупката што со лошиот збор на човека в душата си му ја направил останува таму засекогаш.Живеело еднаш едно многу лошо и збеснато момче. Со сите лошо се однесувало. Сите луѓе ги навредувало и понижувало. Немало човек кому лош збор не ка



