Повик за учество на трибина за новиот буџет на Општина Штип

Повик за учество на трибина за новиот буџет на Општина Штип (10:15) На 21 декември (среда) со почеток во 12:00 часот во Сала 1 на Општина Штип ќе се оддржи јавна расправа за најновиот предлог буџет на локалната самоуправа за 2016 година.
Традиционално, Општина Штип како и секоја година и овој пат ги повикува заинтересираните претставници на урбаните заедници, на невладиниот сектор, здруженијата на граѓани и сите други заинтересирани да бидат дел од  јавната расправа на која ќе бидат презентирани годишните програмни за работа на јавните претпријатија како и на буџетот на Општината, со цел евентуални предлози да можат да бидат вметнати и со самото тоа да се овозможи нивна реализација, пред истиот да биде ставен на седница на Советот на Општина Штип.
Ова е воедно и дел од обврската која локалната самоуправа ја има преземено за да ги инфрмира граѓаните каде се трошат нивните пари а пред се во насока на отворено и транспарентно работење пред јавноста.
Од овие причини, упатуваме апел и повик до заинтересираните да бидат дел од јавната расправа и да дадат забелешки или сугестии за подобрување на буџетските ставки во интерес на граѓаните на Штип.
ЗАБЕЛЕШКА: Изјава (повик) до граѓаните ќе даде Драган. Р во 10:15 часот во Општина Штип.На 21 декември (среда) со почеток во 12:00 часот во Сала 1 на Општина Штип ќе се оддржи јавна расправа за најновиот предлог буџет на лока

Пронајдете не на следниве мрежи: