Повредени пратеници во парламентот на Венецуела

Во парламентот на Венецуела во вторникот изби физичка пресметка меѓу пратениците, од којашто некои излегоа со раскрвавени глави,Инцидентот се случи во текот на бурната седница кога, според тврдењето на опозицијата, седум нивни пратеници биле нападнати и повредено додека протестирале против мерките во Националното собрание да не зборуваат поради тоа што не ја признаваат изборната победа на избраниот наследник на починатиот венецуелски лидер Уго Чавез, Николас Мадуро на претседателските избори одржани на 14-ти април.Пратениците од владејачката лева партија ги обвинија своите „фашистички“ противници за предизвикување на инцидентот, а новиот претседател Мадуро изјави дека „знаевме дека опозицијата дојде да предизвика насилство“ и дека „тоа не смее да се повторни“.Николас Мадуро го победи својот опозициски противник Енрике Каприљес со 1,5 отсто од гласовите, по што вториот одби да ги признае изборите од претседателските избори тврдејќи дека изборите биле лажирани и дека имало илјадници случаи на неправилности.Според аналитичарите, овие избори покажаа дека народот во Венецуела е длабоко поделен по 14 години тврдо социјалистичко владеење на Уго Чавез.„Можат да не` тепаат, затвораат, убиваат, но нема да ги продадеме своите принципи“, изјави за локалната телевизија еден од опозициските пратеници Хулио Боргес, покажувајќи го пред камерите своето раскрвавено лице и многуте модринки. „ОВие удари ни даваат нова сила“, додаде Боргес.Службеници од венецуелското Национално собрание коишто не сакале да бидат именувани рекле за Reuters дека тепачката почнала која опозициските пратеници на претседателот на парламентот Диосадо Кабео му викнале дека е „фашист“ и развиле транспарент на кој пишувало „Парламентарен државен удар“. Тогаш биле нападнати од пратениците на владејачката партија, а во пресметката меѓусебно се гаѓале со се` што ќе им се нашло при рака, од столчиња до лаптопи, додека еден застапник, според изјавата на неименуван очевидец, е удрен со столче по главата.Судирот го предизвикала мерка којашто ја донел парламентот, во кој доминираат пратениците од редовите на владејачките сили, со којашто на опозициските пратеници им се забранува да зборуваат од говорницата на Националното собрание се` додека не го признаа Николас Мадуро за претседател на Венецуела.По изборите од 14-ти април најмалку осум луѓе се убиени во насилните протести, а десетици се притворени. Опозицијата вели дека станува збор за нов бран репресија, а Мадуро ја обвинува дека сака да изведе државен удар.Нов потенцијален момент за судар меѓу венецуелските политички струи може да биде во среда кога на улиците на главниот град Каракас и власта и опозицијата најавија масовни собири на своите приврзаници во чест на Меѓународниот празник на трудот.
МакфаксВо парламентот на Венецуела во вторникот изби физичка пресметка меѓу пратениците, од којашто некои излегоа со ра

Пронајдете не на следниве мрежи: