Познат хокеар почина четири дена пред раѓањето на неговото прво дете

Само четири дена по неговата ненадејна смрт, девојката на хокеарот Стив Мoнтадор го роди нивниот син. Детенцето, кое би било првото дете на Монтадор, е роденo два дена по погребот на неговиот татко.Монтадор почина во неделата на 35-годишна возраст. Неговото безживотно тело го пронајде неговата девојка. Поради последица од повеќето потреси на мозокот, Монтадор мораше да ја прекине кариерата во НХЛ лигата, во која играше десет сезони во дресовите на шест различни клубови.
Неговиот брат Крис верува дека токму последиците од потресот на мозокот би можеле да бидат причина за смртта.
„Брат ми не личеше на себе по потресите на мозокот. Беше друга личност во истото тело и тоа е она што ми го скрши срцето. Сакаше да биде истиот човек, но не можеше. Не знам колку цилиндри работеа во неговиот мозок. Како што минуваа деновите, мислам дека мојот брат знаеше дека рано ќе почине. Тој никогаш ми го немаше кажано тоа, но јас го имав тоа чувство“, изјави Крис Монтадор.
Монтадор беше во постојан контакт со поранешниот соиграч Мартин Гелинас, кој откри што му рекол во последниот нивен разговор.
„Зборував со него и тој ми рече дека во иднина сака да им помага на луѓето. Не знаеше како точно, но беше одлучен во тоа. Ми рече дека одлично се чувствува, дека има цел и дека животот е убав. Се трудеше и зборуваше многу добри нешта, а дали тоа беше фасада – не знам“.Монтадор почина во неделата на 35-годишна возраст. Неговото безживотно тело го пронајде неговата девојка. Поради последица од повеќето потреси на м

Пронајдете не на следниве мрежи: