Праисториски делфин од Шкотска: Живеел пред 170 милиони години и бил долг 4,3 метри!

Научниците соопштија дека ги истражиле фосилните остатоци на морски рептил кој наликува на делфин, на шкотскиот остров Скај. Животното живеело пред 170 милиони години и имало должина од 4,3 метри, пренесе Reuters.Суштеството наречено Dearcmhara shawcroshi, припаѓа на групата ихтиосауруси кои биле доминантни водени рептили во времето кога диносаурусите владееле со светот. Ихтиосаурусите живееле пред 150 милиони години, пред целосно да исчезнат пред околу 95 милиони години.
Рептилот живеел во топлите и плитки мориња во периодот Јура, хранејќи се со риба. Остатоците се нецелосни, но обликот на коските на предните перки покажува дека иако бил со средна големина, тој бил значително силен и брз пливач.
„Тој е од Шкотска и е прв, исклучиво шкотски воден рептил кој е откриен и проучен“, наведе палеонтологот Стив Брусати од Универзитетот во Единбург, во студијата која е објавена во весникот „Scottish Journal of Geology“.
„Многу други фосили се пронајдени во Шкотска, но голем дел од нив исчезнале во приватни колекции или се продадени. Овој примерок конечно го разбива тој циклус: беше пронајден од приватен колекционер кој направи одлична работа – го подари на музејот и соработуваше со научниците“, се објаснува во студијата.
Аматерскиот ловец на фосили Брајан Шовкрос, ги пронашол фосилите на плажата на островот Скај во 1959 година и во деведесеттите ги подарил на глазговскиот Музеј за лов.
Суштеството го добило името „dearcmhara“, според галскиот израз за „воден гуштер“ и Шовкрос, кому научниците сакале да му одадат признание.
Откритието на рептилот фрла нова светлина на периодот Јура, кој се смета за црна дупка кога станува збор за фосилите на водените рептили и Шкотска е една од ретките земји која има фосили од тој период.
 Суштеството наречено Dearcmhara shawcroshi, припаѓа на групата ихтиосауруси кои биле доминантни водени рептили во времето кога диносаурусите владее

Пронајдете не на следниве мрежи: