Пратеници од македонското Собрание жестоко реагираа на социјалната мрежа Фејсбук околу деструктивните сценарија кои ги спроведува СДСМ.-Се закануваа дека ќе го палат Уставен суд, наводно бранејќи го Уставот. Се закануваа дека ќе ги влечат за уши судиите, исто така бранејќи го Уставот. Се закануваа дека ќе ги шутираат на клоци исто така бранејќи го Уставот. Тешко нас ако Уставот ни го бранат вакви насилници, напиша пратеникот Коџабашиев.
-Ја понижуваат и девалвираат државата во секоја можна прилика. Сега наумиле целосно да ја урнат. Ја напаѓаа Владата, го напаѓаа Собранието, сега го напаѓаат Уставниот суд, чуварот на највисокиот правен акт во една суверена држава. Срам до срам е овој СДСМ. Нема теорија да им успее. Едноставно нема. Македонија над се, напиша Чибишев.
-СДСМ кој на фејсбук пишуваше дека ќе го пали Уставен суд ќе го бранел Уставниот суд од партиски притисоци. Бог да чува. Ваков срам за една партија не е виден никаде во светот. СДСМ го допре дното, напиша пратеничката Пемова.
-Во Гевгелија полицајците не спијат за да го заштитат населението, претседателот Иванов свикува Национален совет за безбедност поради мигрантите, а Оливер Спасовски треба да го чуваат полицајци за да не ги крева на клоци судиите и да го пали Уставниот, како што си најавуваа пред два дена. Трагедија е СДСМ, вистинска трагедија, напиша Цуклев.
-Уште еднаш на „спонтан“ собир СДСМ застана рамо до рамо со платените демонстранти од невладините на Сорос. Декор кој е веќе виден десетици пати. Едните исти платеници, цело време го теоризираат народот. И после цело време во кое ги злоупотребуваат сопствените уставни права, тие сега најдоа да протестираат против Уставниот суд…
-СДСМ е спремен да ја понижува државата, да ги напаѓа институциите, да им се заканува на сите со деструктивните сценарија, само затоа што СДСМ не е спремен да седне, да сработи нешто и да ја побара довербата од народот на избори. СДСМ е спремен да ја дестабилизира државата само затоа што граѓаните не ги поддржуваат ваквите срамни сценарија. Ама нема да им пројде. Народот не е со нив. Со нив се само платените демонстранти, аргатите за туѓи дворови. Македонија е поголема од ваквите луѓе. Македонија е над се. И Македонија нема да биде повредена од ваквите сценарија…
-Се закануваа дека ќе го палат Уставен суд, наводно бранејќи го Уставот. Се закануваа дека ќе ги влечат за уши судиите, исто така бранејќи го Устав