Џеф Скардино не пратил обично CV во кое се фалел себеси и своите спосбности, туку CV во кое напишал кои се неговите најголеми маани и кои се неговите најголеми животни и професионални промашувања.Наместо да се фали себеси, Џеф одлучил да се води според други начела.
Тој во своето резиме под категоријата образование напишал дека „изнервирал неколку директори во својата кариера“.
Наместо да напише кои се неговите предности, тој ги истакнал мааните, меѓу кои била и „неспособноста да запомни имиња“.
Имено, Џеф не сакал да направи класична работна биографија, бидејќи откако по неколкуте обиди во последните години да добие адекватна работа, сфатил дека мора нешто да смени.
Тој аплицирал во дваесет компании, така што во десет од нив пратил „искрено“ CV, а во другите десет регуларно.
Добил одговор на своите регуларни биографии, но не и повик за работа. Со своите искрени биографии добил осум одговори и пет повици за разговор за работа.
Еден од вработените во компанијата која го повикала за разговор, коментирал:
„Мислев дека станува збор за шега. Меѓутоа, кога ја прочитав биографијата до крај, бев импресиониран од искреноста. Никогаш немав видено такво нешто во мојот живот. Би сакал повеќе луѓе да ми пратеа вакво CV“ – рекол тој.
Џеф дури и објавил видео како да направите искрено CV:
Наместо да се фали себеси, Џеф одлучил да се води според други начела.
Тој во своето резиме под категоријата образование напишал дека &bdqu



