четврток, 12 ноември 2026
Најново

Правила за деловно облекување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Не морате секогаш да бидете строго деловно облечени, но доколку сакате да оставите впечаток на сериозна и одговорна личност, некои парчиња облека не би требало да ги шетате низ канцеларија. Погледнете кои се најважните правила на деловно облекување.
Облекувајте се во склад со работата која ја работите, а не спрема модните трендови
Носете собрана или подигната коса кога носите сако, ќе делувате посериозно и елегантно
Склад на боите, едноставност, умереност и одмереност се основните работи кон кои треба да се придржувате кога се облекувате за во канцеларија
Бои кои доаѓаат во предвид за комплети се сива, тегет, црна, беж и кафеава
Јаки бои можете да користите на деталите како колан, марама или брош.
Кошулата е единствено парче облека кое смее да биде во некоја актуелна боја
Длабочината на деколтето смее да биде во висина на пазувите
Маиците носете ги со округол, четириаголен или v- израз. Важно е да не биде предлабок.
Должината на здолништето смее да биде пет сантиметри над колена.
Кошули, блузи и маици- еднобојни или дезенирани можете да ги носите со ко мплети. На провиднитематеријали местото им е дома.
Панталони кои се примерни за во канцеларија треба да бидат со рамен крој и класична должина. Можете да се одлучите и за цигата-панталони, тесни и долги до глужд.
Деталите даваат личен печат и живост на секоја комбинација.
Забранети се чевли со отворени прсти, а сандали не доаѓаат во предвид. Идеална висина на потпетици е од пет до седум сантиметри.
извор:lady.mkНе морате секогаш да бидете строго деловно облечени, но доколку сакате да оставите впечаток на сериозна и одговор

Поврзани вести