ПРЕД ДА ГО УБИЕ ПРИЈАТЕЛОТ И СЕБЕ, и оставил на ќерката писмо и 2 ливчиња: Еве што пишувало на нив…

Пензиониран гастарбајтер Воин Николиќ (59) од Текија кај Параќин, пред да го убие својот долгогодишен пријател Миленко, оставил проштално писмо на постарата ќерка Наташа во кое вел дека пријателот му нанел голема болка и не може да му прости, а го замолува семејството да не му се лути за постапката. Освен тоа писмо кое го оставил дома, полицијата покрај неговото тело пронашла и 2 мали ливчиња на кои напишал дека сака да ги донира органите, поради што и се убил во близина на болницата, и дека нема никаква врска со бомбата која пред 2 години го повредила внукот на Миленко.
– Наташа, би те замолил да бидеш силна, и да го поднесеш ова што се случи. Извини, Наташа но разбери ме, веќе голема болка ми нанесе Паќа (Миленко). Тешко поднесувам пораз, не можам да му простам. Не ми се лутете ве молам, одам чист на оној свет, – пишува во прошталното писмо кое убиецот и самоубиецот го оставил за своето семејство.
Ќерката на Воин, Наташа објаснува дека бомбата која нејзиниот татко ја спомнува,е онаа која на пред две години на патот во близина на нивната викендица во Пештерац ја нагазил внукот на Миленко играјќи си надвор. Од експлозијата на него му е повредена петата.
– Мојот татко бше добар пријател со Паќа, одноно Миленко. Работеа заедно во Австрија, возеа ист автобус… Татко ми , кон крајот на минатата година стана пензионер, а Паќа остана во Австрија. Имаме викендичка , околу 200 метри оддалечена од неговта. Многу луѓе беа испрашувани од полицијата за експлозијата на бомбата, а минатата среда и мојот татко, тоа многу го погоди. Затоа и напишал дека нема врска со тоа. Го сфати тоа како предавство од страна на Миленко, потресено раскажува Наташа.

Таа додава дека татко и се убил покрај болницата бидејќи сакал да ги донира органите, како што самиот напишал, и дека најголема лага е дека сакал да го убие и синот на Миленко, Зоран.
Мојот татко е страствен ловец. Да сакал да го убие не би промашил. Пукал во автомобилот – вели Наташа.

Од друга страна, Зоран Николиќ, синот на убиениот, тврди дека убиецот пукал во него и испукал поеќе куршуми.
– Му подаде ќеса на мојот татко да ја однесе на неговата сопруга во Австрија и веднаш го извади оружјето и пукаше. Јас седев во автомобилот кога пукаше и накај мене, па потоа уште три пати кога излегов. Потоа седна во својот автомобил и отиде, а јас останав покрај татко ми и повикав полиција – тврди Зоран.Освен тоа писмо кое го оставил дома, полицијата покрај неговото тело пронашла и 2 мали ливчиња на кои напишал дека сака да ги донира органите, пора

Пронајдете не на следниве мрежи: