ПРЕДЛОГ: Посна мусака со тиквички!

Потребни состојки за 4 лица:
– 4 поголеми тиквички- 5 поголеми моркови- 1 поголема главица кромид- 7 – 8 чешниња лук- 1 зелена пиперка- 250 гр. доматен сос или 2 до 3 сечкани домати- мешан сув зеленчук- сол, црна бибер и масло
Подготовка:
На загреано масло во тава убаво се пржи исечканиот кромид, му се додаваат ситно сечканите чешниња лук, ренданите моркови, ситно исечканата пиперка и доматниот сос или сечканите домати. Смесата убаво се пржи додека состојките да омекнат и се соединат. Во добиениот фил се става мешан сув зеленчук, сол и црна бибер, се меша и се трга од оган.
Тиквичките се лупат и се сечкаат по желба или на тркалца или на долги ленти. Во тава за печење се става малку масло и се реди еден ред од тиквичките, потоа се става филот убаво распространет по целата површина и над него се ставаат останатите тиквички. Се посолува и се става вода колку да се покрие мусаката. Се печи на 180°Ц, 40 до 45 минути. Потребни состојки за 4 лица:
– 4 поголеми тиквички- 5 поголеми моркови- 1 поголема главица кромид-

Пронајдете не на следниве мрежи: