Силен земјотрес ќе ја уништи Калифорнија во 16 часот по локално време, односно петок по наше. Ова бизарно пророштво го обелодени холандскиот истражувач Френк, чие видео, во научните кругови крена голема прашина.„Калифорнија најверојатно ќе биде под море, а доколку се случи тоа, Јапонија ќе биде уништена од огромен бран, каков што не можете ниту да замислите“, предупредува Френк Хиргебитс во своето видео.
До овие сознанија дошол користејќи ја програмата „Solar System Scope“.
Хиргебитс открил како потресот од 9,8 степени по Рихтер, ќе ја задрма Калифорнија, во моментот кога најмалку пет планети ќе се стават во иста линија со Земјата, односно кога ќе дојде до тн. планетарно порамнување.
Тоа според него ќе допринесе за порамнување на Земјата и Месечината, што ќе доведе до промена во гравитацијата, а на крај ќе придонесе за природни катастрофи како земјотреси.
„Бидете внимателни и имајте на ум план за бегство“, им порачува Френк на жителите на Калифорнија.
Поголем дел од геолозите неговите тврдења ги нарекле глупави, додавајќи дека такво сценарио речиси е невозможно да се случи.„Калифорнија најверојатно ќе биде под море, а доколку се случи тоа, Јапонија ќе биде уништена од огромен бран, каков што не можете ниту да за