Преговорите меѓу Иран и „Шестката” закажана за 26-ти февруари во Казахстан

Разговорите меѓу Иран и „Шеската” за контроверзната иранска нуклеарна програма се закажани за 26-ти февруари, а ќе се одржи во Казахстан, објави во вторникот интернет страницата на иранската телевизија на англиски јазик PRESS TV.
Претходно, официјален претставник на шефицата европската дипломатија Кетрин Ештон, изјави дека Европската унија очекува официјална потврда за согласност на Иран за новата рунда разговори со ткн група „5 плус 1″ и ЕУ (петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, плус Германија) на 25-ти февруари.

Во 2012 година, претставниците на „шестката” и Иран одржа три рунди разговори, и тоа во Истанбул (14-ти април), во Багдад (23-ти и 24-ти мај) и Москва (18-ти и 19-ти јуни). Сите овие средби завршија без напредок. Претходно, пак, разговори меѓу „шестката” и Иран не беа одржани повеќе од една година.
САД, другите западни земји и Израел се сомневаат дека Иран развива нуклеарно оружје под маската на цивилна нуклеарна програма. Техеран, пак, тврди дека неговата нуклеарна програма е насочена само кон задоволување на потребите на електрична енергија во земјата.
 
Makфакс
Разговорите меѓу Иран и „Шеската” за контроверзната иранска нуклеарна програма се закажани за 26-ти февруари, а

Пронајдете не на следниве мрежи: