За да уживате во овој прекрасен италијански десерт, потребно е да издвоите само неколку минути за неговата припрема и да почекате неколку часа до дегустирањето. Вреди секоја минута чекање!СОСТОЈКИ:
– 500мл слатка павлака
– 150гр чоколадо за готвење
– 80гр шеќер во прав
– 10гр желатин (доволно е 1 пакетче)
ПОДГОТОВКА:
1. Во ѓезве ставете 7-8 лажици од слатката павлака. Распрскувајте го желатинот по површината додека мешате. Оставете го ѓезвето со желатин настрана 5-10 минути за смесата да набабри.
2. Во сад за варење ставете ја преостанатата слатка павлака и шеќерот во прав. Ставете го садот на тивок оган. Мешајте за да се растопи шеќерот. Кога смесата ќе се загрее, додајте го чоколадото, искршено на мали парчиња. Постојано мешајте за целосно да се растопи чоколадото. Не дозволувајте смесата да зоврие.
3. Ѓезвето ставете го на оган за да се стопи желатинот. Откако ќе се растопи, додајте го во чоколадната смеса.
4. Кога ќе забележите дека смесата е пред вриење, тргнете го садот настрана.
5. Додека смесата е топла, налејте ја во калапи за пудинг или суфле, или пак во шот чаши или чаши за мартини. Ако сакате панакотата да ја служите во чинија, тогаш изберете калап со интересна форма. Доколку сакате да ја служите директно, ставете ја во интересна чаша.
6. Поставете ги калапите на послужавник и ставете ги во фрижидер. Потребно е да ги оставите да се ладат минимум 3-4 часа.
7, Сервирајте ја панакотата ладна. Пред служење, можете да ја поросите со шеќер во прав, какао или кокос. Исто така, можете врз неа да ставите шлаг пена, или пак, сос од јагоди, малини, боровинки… Украсете ја чинијата и со мали парчиња овошје.СОСТОЈКИ:
– 500мл слатка павлака
– 150гр чоколадо за готвење
– 80гр шеќер во прав
– 10гр желатин (