Преку програмата РОМЕД 7 практиканти потпишаа договори за практикантство со институциите од БеровоСедум медијатори од ромската заедница од Берово потпишаа договори за практикантство со институциите во Берово во рамките на проект од програмата РОМЕД 2 кој го спроведува Општина Берово во соработка со ЗГ “Терно Вас“ од Берово преку националниот координатор НВО Асоцијацијата за демократки развој на Ромите “Сонце“ од Тетово, а финансиран од Советот на Европа и Европската комисија.
Во период од 6 месеци во Локалната самоуправа – Берово, Меѓуопштински центар за социјални работи -Берово, 3дравен дом-Берово, ООУ –“Дедо Иљо Малешевски“-Берово, Агенција за вработување –Берово и Ромскиот информативен центар –Берово практикантите ќе имаат можност да ги надоградат своите вештини за медијација и практично да се вклопат во работата на јавните институции, а ќе бидат и линк помеѓу граѓаните и институциите за надминување на одредени приоритетни проблеми.
Ова е втора фаза од програмата РОМЕД преку која градоначалникот на општина Берово Драги Наџински потпиша меморандум за соработка со РОМЕД програмата која за Македонија ја имплементира НВО “Сонце“ од Тетото и Советот на Европа од друга страна.
РОМЕД претставува програма која се спроведува на европско ниво,како иницијативата на Советот на Европа и Европската комисија и истата се пренесува во 22 земји каде има повеќе од 1000 медијатори. Се фокусира на Ромската заедница и нејзино учество во демократско управување преку медијација и градење на капацитет на локално ниво.
Одговорно лице и координатор на медијаторите за Берово е претставникот на Ромскиот информативен центар Фирдеска 3екирова која ќе работи со нив за да им помогне во усовршување на начинот на собирање и пласирање на информации, изготвување на дата база како и избирање на приоритети на кои што ке се работи.Седум медијатори од ромската заедница од Берово потпишаа договори за практикантство со институциите во Берово во рамките на проект од програмата РО