Пренос на евакуацијата во Обреновац во живо!

Радиоаматерски репетитор кој се наоѓа на Авала, во живо ја пренесува целата кореспонденција помеѓу екипите кои се на терен.Имено, моментално дознаваме дека треба да се изврши евакуација на 20 деца, но тимот за спасување не може да го види бројот на улицата поради надојдените води.
„Бројот на улицата е 50 и 52, дали можеш да ја најдеш?“, беше прашањето на диспечерот.
Наводно, децата би требало да се наоѓаат на улицата „Босански Норвежани“, но тимот изгледа дека се врти во круг.
Членот од спасувачкиот тим одговори дека единствен начин по кој може да се ориентира е едно големо и паднато дрво.
Евакуација се врши и на улицата „Крал Милутин“ од бројот 19 до 27, но дека мала група луѓе одбиваат да ги напуштат своите домови и дека бараат само основни намирници за да ја преживеат ноќта.
Само да се напомене дека радиоаматерите беа од голема помош кога беше бомбардирањето на Србија во 1999 година и активно помагаат да се остваруваат контакти и надвор од Србија.
Еден од чамците за кој беше предвидено да помогне при потрагата за децата, наводно е земен од некое друго лице и во моментов се очекува слободен чамец за да се евакуираат децата.
На Савска 29, се наоѓаат бремена жена и бебе кое е во критична состојба, но во моментов нема достапни бродови да им помогнат.
Многу делови не се пристапни за приоѓање со чамци.
Се очекуваат повеќе информации…
Преносот во живо, можете да го следите ТУКАИмено, моментално дознаваме дека треба да се изврши евакуација на 20 деца, но тимот за спасување не може да го види бројот на улицата поради надојд

Пронајдете не на следниве мрежи: