Прес-конференција за Регионалната канцеларија за младинска соработка

Утре (13.07.2016 год.) во 11.00 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт ќе се одржи прес-конференција за Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан, која беше официјално воспоставена  на 04. јули 2016 г,  со потпишувањето на Меѓународната спогодба за формирање на Регионална канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан од страна на премиерите на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, во рамки на Самитот за Западен Балкан, кој од 03-05 јули се одржа во Париз, Франција.На настаните за млади во Париз, покрај Директорот на Агенцијата за млади и спорт-Марјан Спасески, присуствуваа и членови на Работната група за формирање на оваа канцеларија, како и млади луѓе од шесте држави кои беа дел од Конференцијата “Connecting Youth”.  
Во таа насока, на утрешната прес-конференција свое излагање ќе имаат директорот на АМС Марјан Спасески, како и двајца претставници од младите луѓе од нашата држава кои беа дел од настаните за млади во рамки на Парискиот Самит. На настанот ќе бидат пренесени заклучоците од оваа конференција, а ќе биде и најавен отворениот процес на избор на младински претставник во Управниот Одбор на РИКО. 
 На настаните за млади во Париз, покрај Директорот на Агенцијата за млади и спорт-Марјан Спасески, присуствуваа и членови на Работната група за форм

Пронајдете не на следниве мрежи: