Преспански Јаболкобер 2016

Во чест на Јаболкото и отпочнување на бербата на јаболка, Општина Ресен по 16-ти пат ја организира манифестацијата „Преспански Јаболкобер“, која опфаќа активности од областа на земјоделието, културата, туризмот, уметноста и спортот.Оваа најголема стопанско-културна манифестација е поврзана со празнувањето на Православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа.
 По повод годинешниот „Преспански Јаболкобер 2016“, кој ќе одржи во периодот на Православниот христијански празник Крстовден, Општина Ресен ќе биде домаќин на бројни гости и официјални лица од различни држави, како и лица кои го остваруваат својот интерес во областа на јаболковото производство.
 Манифестацијата ќе биде медиумски покриена од страна на националните електронски, печатени и интернет медиуми.
 „Преспански Јаболкобер 2016“ е можност и простор каде и Вие можете да извршите презентација и реклама на Вашите производи и услуги.
 Ќе ни претставува особена чест доколку и Вие бидете дел од овој настан.
Ве молиме Вашиот интерес за учество, како и идеите за Вашата промоција да ги доставите најдоцна до 16.09.2016 година.
Оваа најголема стопанско-културна манифестација е поврзана со празнувањето на Православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува тра

Пронајдете не на следниве мрежи: