Токму затоа во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ промовираше неколку мерки и чекори кои се во функција на намалување на загаденоста, но во исто време свесни дека соочувањето со ваква проблематика преставува долготраен процес, продолжуваме да превземаме и повеќе системски мерки.Според сите анализи на сите здравствени организации, вклучително и светската здравствена организација посочуваат дека еден од основните предизвици преставува борбата против загадувањето. Притоа сите овие релевантни организации без исклучок истакнуваат дека нема брзи решенија, и освен индивидуалната свест и грижа потребна е и системска поддршка.
Кога станува збор за Македонија, а особено изразено во поголемите градови првите два најчести причинители за загаденоста на воздухот се:
1. Прво, затоплувањето на домовите со дрва, а со тоа и директното испуштање на најштетните материи во воздухот, што е особено видливо и се чувствува за време на доцниот есенски и зимскиот период. Тука статистиките покажуваат дека дури и до 70% од вкупното загадување на воздухот потекнува од загревањето на домовите, и
2. Втор масовен причинител за загадувањето на воздухот е предизвикано од автомобилите.
3. Индустријата е третиот загадувач на воздухот во Македонија.
Во тој дел под притисок на државата најголемите загадувачите веќе инвестираа во современа еколошка опрема и ги задоволија меѓународните стандарди. Последниот кој сеуште е во тек со инвестицијата е Југохром од Јегуновце, чија инвестиција се очекува целосно да заврши следната година.
Зголемениот број на автомобили значи и зголемено загадување, нешто што како предизвик веќе го има и секој град во Република Македонија, исто како и секој друг град во Европа. Изложеноста на аерозагадувањето е поврзана со бројни ефекти врз човековото здравје вклучувајќи нарушувања на белите дробови, срцето, крвните садови и нервниот систем. Некои од хроничните ефекти се намален капацитет на белите дробови и карцином на белите дробови како резултат од долготрајна изложеност на токсични загадувачки супстанци во воздухот. Тука особено штетно влијание имаат азотните честички и јаглеродот монокосид кој придонесува и за создавање на ПМ 10 честичките.
Прашањето е што превземаме ние како политичка гарнитура одговорна спрема граѓаните.
Дозволете само накусо. Што се однесува за првата причина, за загадување на воздухот преку греење на дрва, паралелно се одвиваат два процеси, првиот процес е гасификацијата.
Во однос на примарната гасификација, која е носење гас, со цевковод од еден до друг град, минатиот месец започна изградбата на втората делница од националната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри која треба да заврши следната година. За неа се инвестираат околу 16 милиони евра.
Гасоводната мрежа Штип – Неготино се надоврзува на гасоводот Клечовце/Куманово – Штип чија изградба во должина од 61 километар заврши пред два месеци, а беа инвестирани 75 милиони долари. Паралелно со изградбата на оваа делница скоро, во следните 2-3 месеци се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино/Кавадарци – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа.
Во однос на носењето на гасот до домаќинствата, односно градење на разгранета мрежа на цевковод за гас внатре низ секој одделен град, т.н. секундарна гасификација, наскоро почнува изградбата на дистрибутивна мрежа со која природниот гас ќе биде достапен за граѓаните и компаниите. Скоро ќе биде објавен повик на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани фирми кои во партнерство со државата ќе се вклучат во секундарната гасификација. Придобивка од гасификацијата освен намалување на загадување на воздухот, е заштеда на буџетот на оние кои го користат, и тоа за 7% поевтинување за оние кои се греат на дрво, поевтинување за 35% за оние кои сега се греат на струја, и поевтинување за над 50% за оние кои користат друг вид на течни и тврди нафтени горива.
Примарната гасификација ќе има и втора фаза во која ќе се гасифицираат сите поголеми градови во Македонија, а не само овие кои ги спомнав, за која веќе се работи на заокружување на финансиската конструкција.
Вториот проект кој го превземаме а ќе го намали факторот за загадување, греење на дрва, е проектот кој го објавив оваа пролет како дел од нашата програма 2017та-2020-та за греење со пелети. Ќе потсетам на кусо, првиот сегмент на проектот е дека ќе се доделуваат субвенции до 70% од трошоците на домаќинствата за замена на печките на дрва со печки, котли и цела опрема за системи на пелети, по принципот „старо за ново“, за највеќе до 30.000 денари по домаќинство. Вториот сегмент се однесува на поддршка за набавката и потрошувачката на самите пелети кои претставуваат енергенс и условно кажано потрошен материјал. Со цел да се намали цената на пелетите и да бидат поконкурентни во однос на други средства за греење, ќе се поддржи субвенционирана цена за пелетите за крајните потрошувачи во следните 10 години. Исто така ќе се намали ДДВ то како за опремата што треба да се набави(печки,котли и сл), така и за самиот потрошен матерјал/енергенс пелети. Проектот за поддршка за греење со пелети ќе започне да се спроведува од 2017та година и ќе важи до 2020 година, значи период од 4 години на субвенционирање на набавка на опремата. Загревањето со печки на пелети создава до 20 пати помалку загадување на воздухот со ПM честички во однос на загревањето со стари печки на дрва, и по однос на загадувањето е многу блиску до природниот гас.
Овие две мерки, гасификација и пелетите се основните мерки кои во наредниот период штом бидат завршени и спроведени ќе влијаат на сериозно намалување на загадувањето на воздухот во Македонија во сезоната кога тоа се случува, и овие два проекта ќе се одвиваат согласно зацртаниот план тие се однесуваат на оној дел кои што произлегуво од загадување на воздухот од греење на двра и се две мерки едното е гас другото е пелети кои што гасот веќе се спроведува, се гради а пелетите субвенциите стартуваат од 2017 година.
Почитувани,
Во исто време не го занемаруваме и вториот фактор кој што е мошне значен за загадувањето на воздухот, а тоа се автомобилите. Токму во оваа насока денес ќе промовирам два нови проекти кои ќе имаат значително влијание врз заштита на животната средина, но и ќе значат поволност која ќе може да ја искористат граѓаните која ќе значи и стимулација,но и заштеда на нивните буџети.
Првиот проект е повеќе електрични автомобили за почист воздух. Со цел да придонесеме кон понатамошно намалување на емисијата на штетни издувни гасови од возилата со бензински и дизел мотори, како и намалување на бучавата во урбаните средини, во следниот период ќе преземеме низа на активности и мерки со кои ќе го стимулираме зголеменото користење на нови возила кои се целосно на електричен погон и кои имаат нула емисија на штетни гасови. Постојат различни видови на електрични автомобили, а тенденцијата е зголемување на нивниот капацитет, односно капацитетот на батериите кои се главниот сегмент во автомобилот. Енергенсот кој што го употребуваат е електричната енергија, а полнењето се одвива преку специјализирани полначи кои генерално се со различен капацитет. Постојат брзи полначи кој целосно ја полнат батеријата на автомобилот за дваесетина минути и чинат околу 15 илјади евра и бавни полначи кои за целосно полнење на батеријата во зависност на моќноста на автомобилот ја полнат до крај до 4 часа и чинат околу 1 илјади евра.
Постои и трет начин на полнење, а тоа е најбавно во обичен трофазен штекер со кој полнењето до крај е околу 8 часа, и најчесто се користи во сопствени гаражи или гаражни места. Многу од европските држави нудат различни пакети на поволности со кои се стимулира користењето на електричните возила. Нашата цел е следење на трендот електричните возила да станат наше секојдневие и во приватниот и во јавниот превоз. Наполнетата батерија, во зависност на капацитетот на возилото, може да вози без ново полнење од 300 до 400 км.
Да напоменам дека секоја година овие перформанси се подобруваат. Имено, секоја година индустријата вади поевтини, а истовремено побрзи полначи, батерии кои подолго може да се користат и кои се се полесни. За оние кои не се доволно упатени да подвлечам дека полнењето не преставува големо трошење на струја и трошок. И уште нешто: оваа индустрија започна со производство на поскапи вакви автомобили, сега произведува и поевтини и помали, а на последната годишна конференција за електрични автомобили во Барселона, пред 10 тина дена, се констатира дека иднината е производство и на мали и евтини електрични автомобили, вклучувајќи и двоседи.
Денес објавуваме мерки кои ќе започнат да се нудат од 2017та со цел да го потикнеме купувањето на електрични автомобили кои имаат нула загадување, побрзи се и многу помалку се расипуваат бидејќи имаат помалку делови.
За таа цел го предвидуваме следниов пакет на мерки:
1. Увозот на нови електричните возила ќе биде со 0% царина и без дополнителна акциза.
2. При купување на нови електрични автомобили ќе се применува повластената даночна стапка од 5%, наместо сегашните 18% ДДВ. Со ова ќе се направи дополнителна заштеда. На пример ако за возило од 30 илјади евра данокот на додадена вредност изнесувал 5 400 евра со намалените на 5 проценти ДДВ ќе изнесува 1500 евра, односно 3 900 евра ќе заштеди купувачот.
Кој е генерално ефектот од овие мерки? Со овие мерки директно ќе се влијае на намалување на пазарната цена на возилото за околу 20% во старт. Тоа значи ако сега тип на електрично возило чини 35.000 еур, после овие мерки ќе чини 28.000 евра, што е заштеда од 7 илјади евра.
3. Покрај ова, Владата на РМ ќе дава субвенција за купување на електрично возило и тоа од 3.500 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е до 25.000 евра, и субвенција од 5000 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е над 25.000 евра. Мерката субвенции за физичките лица, но и за правните лица за набавка на најмногу 5 возила во почеток.
4. Сите електрични автомобили ќе бидат ослободени од плаќање на патарина на сите патишта низ Македонија каде што се плаќа патарина и тоа во период од 10 години, односно до 2027та година.Тоа значи дополнителна привилегија и заштеда за корисникот на автомобилот. Доколку на пример со автомобилот оди од Скопје до Градско и назад, ослободувањето од патарина ќе значи заштеда од 360 денари и тоа ќе може да го користи неограничен број пати. Ова е особена поволност за оние што патуваат секојдневно.
5. Сите електрични автомобили ќе можат бесплатно да паркираат на било кој јавен односно државен паркинг во рок од 10 години односно до 2027 година, вклучувајќи подземен паркинг, катна гаража, обичен паркинг и зонски паркинг кој се наплаќа, и на сите вакви паркинзи ќе има обележани и резервирани посебни места резервирани за паркирање само за овие возила.
Истовремено ќе се предвиди со закон како обврска да се набават бавни полначи кои полнат до 4 часа, во износ од 5% од паркинг местата, оние кои ќе се предвидени за електрични возила на сите јавни, приватните паркинзи, оние кои се под концесија, како и катните и подземни гаражи и зонското паркирање. Полначите кои ќе бидат инсталирани и паркинг местата кои ќе бидат обезбедени ќе бидат најатрактивните на паркиралиштето. Обврската за истите ќе биде покрај спорите полначи да набават и по најмалку два брзи полначи, при што енергијата односно струјата која ќе се троши ќе се наплаќа по цена која ќе ја утврдува Регулаторната Комисија за Енергетика, за да не дојде до злоупотреби. Што ова значи низ конкретни бројки. На пример, катната гаража Тодор Александров има 600 паркинг места, сега со оваа мерка од 5%, ќе мора да обезбеди 30 полначи за електрични возила од бавни до 4 часа и две брзи, или Катната Гаража Македонска фаланга каде има 450 паркинг места значи дека ќе обезбеди 22 полначи за електрични возила. Плус по два брзи полначи до 20 минути.
Исто така во 2017 година, освен во Скопје, по најмалку еден брз полнач и два бавни ќе се инсталира и на поголемите јавни паркинзи во општините Битола, Штип, Велес, Прилеп, Кочани, Кавадарци, Гевгелија, Радовиш и Крива Паланка.
Исто, во 2017 година ќе се предвиди на паркинзите на сите хотели со 4 и 5 ѕвезди да обезбедат по два бавни полначи за електричните возила. Дополнително ќе се обезбеди и законски пропис со кој ќе се воспостави обврска новите згради кои ќе се градат да предвидат инсталации за трофазни 8 часовни приклучоци во секое гаражно место во станбени згради.
6. Во прва фаза, на електричните автомобили ќе им биде дозволено да возат и во приоритетниот простор на сообраќајниците, на местата каде постои, а каде сега е дозволено движење на автобуси и такси возила, што значи дека електричните автомобили побрзо ќе се движат низ сообраќајот.
7. Годишната регистрација на електричните возила, во делот за надомест за патишта ќе биде бесплатен во наредните 10 години. Тоа во просек ќе биде заштеда, во зависност од моќноста на автомобилот од 2.500 до 3 илјади денари секоја година. За полесна идентификација, електричните возила ќе имаат посебна регистарска табличка со јасно видлив дизајн и веројатно со посебна боја.
8. Со цел градба на инфраструктура за полнење со енергија на електричните возила со закон ќе се предвиди задолжително вградување брзи полначи-
•Во 2017 г. на бензинските пумпи на сите автопати и магистрални патишта во државата ќе има по најмалку 1 брз полнач за електрични возила;
•Во 2018 г. на бензинските пумпи на сите автопати и магистрални патишта на секоја ќе има по најмалку 2 полначи брзи полначи за електричните возила;
•Во 2019 г. на бензинските пумпи на сите регионални патишта во државата да има по најмалку 1 полнач на секоја бензинска пумпа
•Планот е во 2020 година да се постигне покриеност на сите патишта со по најмалку 1 брз полнач по бензинска пумпа.
Дополнително со цел полесно користење на полначите и местата каде се достапни, во прва фаза ќе се пристапи кон изработка на електронска апликација за мапирање на полначите која ќе може да се инсталира на мобилен уред.
Имајќи во предвид дека најактивни учесници во сообраќајот се токму автобусите и такси возилата, а со тоа поради природата на работата завземаат и значаен дел од загадувањето на воздухот, во рамките на овој проект предвидуваме и мерки кој се наменети за овие категории учесници во сообраќајот.
Градот Скопје во рамките на јавното сообраќајно претпријатие ќе отпочне со набавка на целосно електрични автобуси за потребите на Градот Скопје, со долгорочна тенденција електричните автобуси до 2030 година да сочинуваат повеќе од 50% од вкупниот број автобуси во градот.
9. Можам да информирам дека веќе Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски ги започнаа првите иницијални разговори за набавка на нови 50 целосно електрични автобуси, односно 20 големи автобуси, дводелни со армоника зглоб на средината, и во кои можат да влезат 150 патника, со дизајн на трамвај и 30 минибуси. Набавката би била повеќегодишна, а средствата би ги покривале заеднички владата и градот Скопје по половина. Ова е веќе усогласено меѓу градоначалникот на град Скопје и министерот за финансии, а плаќањето ќе е на неколкугодишни рати.
Со набавката на 20 те дводелни зглобни електрични автобуси ќе се постигне истиот еколошки ефект како за изградба на трамвај кој чини неколкукратно поскапо, а и трамвајот и електричниот автобус имаа речиси нула загадување. Иако се планираше, трамвајот не се реализираше само заради високата цена која ја побараа сите производители и можни концесионери, и со која за да има приближно иста цена како автобусот, требаше две третини од цената да ја субвенционира државата, што заедно со инвестицијата за копање и поставување шини, како и набавка на возилата за трамвај, ќе ја чинеше државата годишна субвенција, под услов да ј дадеше под концесија, меѓу 11 и 14 милиони евра во период од 30 години секоја година сбвенција. Тоа беше крајно неисплатливо, и затоа не се реализира, и покрај нашите големи обиди и разговори со многу производители. За разлика од тоа, набавката на 20 те зглобни дводелни електрични автобуси со дизајн на трамвај, исто толку 20 возни коли во трамвајот требаше да се набават. значи бројкатае иста, не само што ќе го постигне истиот еколошки ефект, истиот број на кабини со ист број патници во него, истата брзина овозможена со резервираната лента, исто како кај трамвајот, удобност и слично, туку што е клучна разлика ќе избегне раскопување на целиот град во период од неколку години заради градба на шините и побрза реализација и најважно цена за се на се, само околу 12 милиони евра, проценета вредност, кои ќе се исплаќаат во неколку годишни рати. 20 те вакви автобуси ќе се обраќаат на линијата која беше предвидена за трамвај.
Загадувањето по однос на животната средина ќе биде 0% од употребата на ваквите автобуси кои се направени според највисоките еколошки и технолошки стандарди. Дополнително ЈСП ќе нема трошоци за гориво. Понуда од ваков тип ќе биде овозможена и на другите општини кои имаат јавен градски превоз.
10. Имајќи во предвид дека освен автобусите, и такси возилата се најчести учесници во дневниот сообраќај, ќе се стимулира создавање на такси компании само со електрични возила. Со измена на регулативата, ќе овозможиме такси компаниите и поединците таксисти кои ќе имаат само електрични возила да бидат ослободени од сите давачки кон градот кои ги имаат останатите такси компании, како и да добијат неповратни 5.000 евра грант за секое ново електрично возило што ќе го набават. Полнењето со енергија на тие такси автомобили ќе биде бесплатно на сите државни паркиралишта во наредните 10 години. Треба да се има во предвид дека енергенсот односно бензините, дизел горивата или плинот на кој работи такси возилото е и најголемиот трошок на таксистите. Сега доколку се набави ново електрично возило, покрај поволностите кои следуваат за сите останати граѓани кои ќе се одлучат за ваков тип на возило, таксистите ќе се помогнат со неповратен грант од 5 илјади евра како и полнење на автомобилот кое ќе биде бесплатно за нив во рок од 10 години.
11. Секоја јавна институција државна или општинска како и секое јавно претпријатие формирано од Владата или општините, доколку пристапи кон јавна набавка на патнички возила за сопствени потреби со која се предвидува набавка над 3 возила во текот на една фискална година, ќе биде обврзана половина од набавените возила да бидат електрични. Оваа набавка се однесува на возилата кои се набавуваат врз основа на купување или лизинг. Со ова државните и општинските институции ќе демонстрираат одговорност и ќе дадат свој придонес кон намалување на загадувањето на воздухот.
За сите овие мерки ќе се организира и јавна расправа при што секое стручно мислење ќе биде добредојдено и во наредните 2 до 3 недели овој проект е отворен за сугестии, промени и доработка во насока на подобрување на проектот.
Сето ова во кратки црти, оној кој ќе се одлучи да купи нов електричен автомобил кој сега чини на пример 35илјади евра, релативно поскап, ќе биде ослободен од царина, дополнителна акциза и ќе има намалено ддв од 18% на 5%. Тоа значи дека ќе чини 28.000еур, и ќе оствари заштеда од 7 илјади евра. Дополнително ќе добие субвенции од 5 илјади евра бидејќи ќе купи возило поскапо од 25 илјади евра, ќе заштедува секоја година до 3000 денари за регистрација од која ќе биде ослободен во делот за надомест за патишта, ќе биде ослободен и од патарина, ќе има можност за бесплатно паркирање, како и брзо полнење на автомобилот, ќе има приоритет во движењето во сообраќајот и ќе има и достапна инфраструктура за полнење.
Кои се предностите на електричните автомобили и зошто се одлучивме за ваков вид на поддршка?
-Сите развиени држави и државите во развој се трудат да го подржат процесот за замена на стандардните со електрични автомобили. На пример околу 29 отсто од автомобилите во Норвешка се на електричен погон сега, а од 2025 година сите автомобили кои ќе бидат ново продадени мора да бидат на електричен погон. Различни видови на владина поддршка за купување на електрични автомобили даваат голем број на држави како Холандија, Норвешка, Велика Британија, САД, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Романија и други.
Електричните автомобили имаат неколку предности во споредба со автомобилите со класични мотори со внатрешно согорување, како што се:
-Значително намалување на загадување на воздухот, бидејќи тие немаат ауспух и затоа не испуштаат штетни гасови од вградениот извор на енергија во моментот кога возилата работат; Истражувањата покажуваат дека движењето со електрични возила е за 97% проценти почисто од автомобилите со мотор со внатрешно согорување. Електричните возила произведуваат нулта CO2 емисии, истовремено продуцираат намалено испуштање на стакленичките гасови од вградениот извор на енергија, во зависност од горивото и технологијата користена за создавање на електрична енергија за полнење на батериите;
-Ниски трошоци за одржување. Нема зависност од нафтата и бензините чија цена рапидно знае да расте во определени делови од годината, нема менување на масла и слични потрошни материјали. Многу поретко имаат дефекти отколку обичните.
-Побезбедни се од стандардните автомобили и со поголема моќ на управување. Нема елементи кои се лесно запаливи, полесни се од стандардните автомобили но полесно управливи бидејќи управувањето се одвива компјутерски. Овие фактори гарантираат и помали последици при евентуален судир.
-Произведуваат значително помалку бучава и има поголем багажен простор.
-Енергетски се поефикасни.
-И долгорочно гледано се економски по исплатливи споредено со класичниот автомобил со мотор на внатрешно согорување и тука е едно од поголемите заштеди. Иако просечната цена е над 25 илјади евра на ваквите автомобили со примерот што го дадов статистиката покажува дека еден автомобил ќе потроши приближно 1000 евра трошок за 100.000 километри, а возило од иста класа со бензински или дизел мотор ќе потроши дупло од иницијалниот трошок за купување на возилото, со што може да дојдеме до компензирачката цена зошто електричното возило чини повеќе на самиот почеток. Пример со возило купено за 25 илјади евра, за 100000 км ќе потроши 50 илјади евра за гориво, ако е бензиско или на дизел, а електричното само 1000 евра и тука се гледа огромната заштеда која се прави со електричните автомобили.
Нас целта со оваа мерка ни е да отпочнеме еден процес кој ќе значи давање на можност на граѓаните кои ќе се одлучат за ваков автомобил, како и фаќање на чекор со процесите кои се одвиваат на глобално ниво, а се во насока на заштита на животната средина.
Тоа е околу поволностите за набавка на електрични автомобили.
Сега одиме на втората мерка која денес ја промовирам и е насочена кон заштита на животната средина, а во исто време ќе значи поддршка на граѓаните кои поради цената или други причини нема да се одлучат за електричен автомобил. ВМРО-ДПМНЕ планира обезбедување на субвенции за вградување на плински систем во автомобилите. За таа цел секоја година, почнувајќи од наредната 2017-та година ќе се овозможат ваучери од 300 евра за набавка на плински уред кои ќе се распределат на јавен повик секоја година. Со оглед на тоа дека бројните научни анализи покажуваат дека најголеми загадувачи на воздухот во категоријата автомобили се возилата со ЕУРО 0, ЕУРО 1, 2 и 3 стандард односно оние кои се произведени до почетокот на 2006та година, оваа мерка ќе се однесува само на автомобилите кои спаѓаат во групата на овие еколошки стандарди, останатите ЕУРО 4 и 5 ги запазуваат највисоките еколошки стандарди и се со ниво на загадување колку што се и автомобилите со вграден плински уред.
Автогасен уред е можно да се вгради во речиси сите возила на бензиски погон. Постојат многу мал број на возила кај кои не е можно преорентирање од бензин на гас. Што значи дека потенцијални апликанти ќе бидат сите оние кои имаат автомобил на бензин.
Разликата во однос на моќноста на автомобилот на бенизски и плински уред е многу мала од 5 до 10%, а со новите системи за брзо вбризгување таа е незабележителна. Потрошувачката на автогас е нешто повисока од онаа на бензин, во просек до 10%, но затоа пак и цената на гасот е значително помала.
Автомобилите кои вградиле плински уред може да се движат и да користат бензин. Доколку е вграден плински систем, возилото и понатаму ќе може да се вози и на бензин доколку так посака сопственикот.
Цената на плинот не е регулирана на државно ниво, па дистрибутерите сами одлучуваат за цената. Сепак, многу веројатно е дека таа ќе биде околу 50% пониска од таа на бензинот, па плинската инсталација е исплатлива инвестиција. Просечната цена на чинење на автогасот е во просек е 27 денари за едно литро, што е за повеќе од половина поевтино од БЕНЗИНИТЕ еуросупер 95 и еуросупер 98 кој изнесува 62 односно 63.5 денари. Значи 1 литро гас е во просек околу 57% поевтин од бензинот.
Земајќи го фактот дека автомобилот во просек троши повеќе гас, одошто бензин, вредностите кажуваат дека трошоците за возење на плин ќе се 50% поевтини од трошоците за управување на автомобил на бензин.
Значи, оние кои имаат возило произведено до 2006-та и ќе го трансформираат од бензин на гас/плин, ќе имаат дупло помали трошоци за гориво.
За оваа цел државата ќе дава субвенција од 300 евра, во и услови кога просечната цена на овој дел кој треба да се вгради е околу 500 евра. Значи државата ќе плаќа 300 а сопственикот на автомобилот 200 евра за овој дел кој ќе овозможи трансформација од бензин на плин.
Во просек еден автомобил чија стандардна потрошувачка на бензин изнесува 8 литри на 100 км, годишно поминува околу 8 илјади километри, инвестицијата од 200 евра плус 300те евра што ќе ги добие корисникот за субвенција од државата ќе си ја поврати за 7 месеци. Се потоа ќе биде заштеда плус за секој корисник, односно дупло помали трошоци за гориво. До 7 месеци ќе ги исплаќа тие 200 евра што ги дал, а после 7 месеци има половина поевтино плаќање на гориво.
Кои се придобивките од употребата:
Помалку трошоци за гориво, околу половина од цената за бензин. Помазно, потивко, почисто користење на автомобилот. Продолжен век на моторот. Многу поеколошки прифатлив за разлика од бензинот. Пониски трошоци за сервисирање. Можност да се вози на бензин и на гас, наголемување на изминатиот пат со едно полнење на резервоарот. Зголемена заштита со употреба на oдобрени гас системи – нуди подобра заштита од оган при судар. Дополнителна издржливост – многу дефекти кај возилата на бензин се поврзани со нивниот систем за гориво. Зголемена вредност на возилото.
Поради своите карактеристики автомобилскиот плин позитивно влијае и на моторот на автомобилот. Се обезбедува: подобра работа на моторот, векот на траење на моторот се зголемува за околу 35%, потполно согорување на смесата плин-воздух во цилиндрите со што не доаѓа до губиток на гориво преку издувните гасови, поголема трајност на маслото во моторот, не се создава корозија која инаку настанува заради адитивите кои се додаваат во бензинот за подобрување на неговите својства, два пати подолг век на катализаторот. И што е најважно се заштитува и животната средина односно се намалува загадувањето на воздухот.
Статистиката покажува дека најголеми загадувачи се возилата ЕУРО 0, ЕУРО 1, 2 и 3 стандард.
Jаглерод моноксидот заедно со азотните оксиди се едни од загадувачките супстанци во воздухот кои учествуваат во формирањето на ПМ10 честиците со кои се загадува воздухот. Анализите покажуваат дека во создавањето на овие честици, покрај емисиите од согорувањето на дрва за затоплувањето на домовите, втор најголем извор се токму автомобилите.
Според анализите возило на бензин од ЕУРО 0 стандард (тоа се возила со датум на производство до 1992 година) на годишно ниво испушта 172,200 кг јаглерод моноксид. Возило на плин за истиот период испушта 47,824 кг јаглерод моноксид, што е за повеќе од 3 ипол пати помалку споредено со јаглерод моноксид што го испуштаат возилата на бензински погон. Истото возило со еколошки стандард ЕУРО 0, испушта за една година 18,601 кг на азотни оксиди, за разлика од возило на плински уред кој што испушта 16,520 кг азотни оксиди, разликата е во 2,081 кг азотни оксиди помалку.
Според анализите возило на бензин од ЕУРО 1 стандард тоа се возила со датум на производство од 1993та до 1996та година на годишно ниво испушта 28,490 кг јаглероден моноксид. Возило на плин за истиот период испушта 24, 990 кг на јаглерод моноксид, што е за 3500 кг на јаглероден моноксид помалку споредено со јаглеродниот моноксид што го испуштаат возилата на бензински погон. Истото возило со еколошки стандард ЕУРО 1, испушта за една година 3,215 кг азотни оксиди, за разлика од возило на плински уред кој што испушта 2,898 кг честици на азотни оксиди, разликата е во 317 кг честици на азотни оксиди помалку.
Според анализите возило на бензин од ЕУРО 2 стандард тоа се возила со датум на производство од 1997та до 2000та година на годишно ниво испушта 1,694 кг азотни оксиди, за разлика од возило на плински уред кој што испушта 1, 260 кг азотни оксиди, разликата е во 434 кг азотни оксиди помалку.
Според анализите возило на бензин од ЕУРО 3 стандард тоа се возила со датум на производство од 2001 до 2005та година на годишно ниво испуштаат 12,577 кг јаглерод моноксид. Возило на плин за истиот период испушта 12, 530 кг јаглерод моноксид, што е за 47 кг јаглероден моноксид помалку споредено со јаглерод моноксид што го испуштаат возилата на бензински погон. Истото возило со еколошки стандард ЕУРО 3, испушта за една година 0,649 кг азотни оксиди, за разлика од возило на плински уред кој што испушта 0,630 кг азотни оксиди, разликата е во 0,19 кг азотни оксиди помалку.
Во однос на употребата на плински уреди во Македонија статистиката покажува:
Веќе околу 12.000 патнички автомобили возат низ Македонија согорувајќи во моторот течен гас.Станува збор за алтернативно гориво на бензинот, поеколошко и, се разбира, дупло поевтино. Интересот за користење возила со ваков вид гориво се зголемува од година во година, но бројките од Државниот завод за статистика покажуваат дека нагорниот тренд е бавен.
Последните годишни податоци се за 2014 година, кога во земјава се возеле за 700 возила со автогасен систем повеќе од претходната 2013 година. Така, во 2014 година низ Македонија 10.976 патнички автомобили возеле на течен гас, додека во 2013 година бројката била 10.241 возило.
Но во 2010 година, на пример, бројот бил и поголем. Ако се калкулираат и другите типови возила, меѓу кои и моторциклите, товарните возила и тракторите што користат плин, вкупната бројка во 2014 година надминува 11.800. Во ситуации кога нема официјална бројка за сите возила, претпоставките се дека во земјава, доколку се следи тенденцијата од минатите години, во 2016 година има околу 12.000 автомобили во кои како погонско гориво се користи течниот гас. Тенденцијата е таа бројка да биде поголема.
Издувните гасови од бензинските мотори кај луѓето предизвикуваат карцином и спаѓаат во истата потенцијално смртоносна категорија како азбестот, арсенот и иперитот, објави Светската здравствена организација СЗО.
Експертите кои тврдат дека резултатите од нивните истражувања втемелени на силни научни докази, апелираат до луѓето да ја намалат изложеноста на издувни гасови секогаш кога тоа е возможно. Меѓународната организација за истражување на карциномот IARC, оддел на СЗО за проучување на ракот, издувните гасови од автомобил ги премести од листата 2А што значи можни канцерогени, во групата 1 материи што дефинитивно имаат поврзаност со појавата на канцер. Токму затоа денес излегуваме со два важни и сеопфатни проекти кои во голема мера ќе придонесат кон заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, но и ќе им овозможат бројни поволности и заштеда на нивниот семеен буџет.
Почитувани,
Ние за разлика од нашите конкуренти даваме приоритет на работата. Ова е само мал дел од мерките и проектите кои ќе бидат промовирани во периодот што следи. Главниот фокус за ВМРО-ДПМНЕ се граѓаните, нивните потреби и барања. И ние ќе понудиме проекти од сите сфери и области кои што се предмет на нивниот интерес. Се работи за прецизни проекти со прецизни рокови на исполнување. Граѓаните знаат дека тоа што ќе го ветиме и ќе го исполниме. тоа се покажа до сега. Нам ни треба силна Македонија, нам ни е потребен напредокот, затоа работиме и заеднички создаваме.
Според сите анализи на сите здравствени организации, вклучително и светската здравствена организација посочуваат дека еден од основните предизвици



