Преземете одговорност за својата судбина: Не правете ги овие 7 смртни гревови!

Ако ги обвинуваме другите луѓе, времето, државата, судбината… тогаш ништо не постигнуваме, туку напротив, само стагнираме и понатаму.Целта на нашето постоење се напредокот, искуството, растот. Целта на нашата душа е да се развие на повисоко духовно ниво.
Човекот е многу повеќе од неговата физичка појава и многу е важно да го разбереме она што го нарекуваме „Јас“.
Едноставно речено, треба да се преземе одговорност за сопствените постапки. Постојат и извесни карактеристики кај луѓето кои не преземаат одговорност за своите дела. Тие за сопствените доживувања ги обвинуваат останатите, освен самите себе. Таквото однесување укажува на неразбирање на законот за привлечност и присуство на некој од седумте смртни гревови.

Седум најголеми гревови и закони на универзумот
За да се испочитуваат законите на универзумот, немаме избор освен да се соочиме и да ги победиме седумте кардинални маани или смртни гревови. Се нарекуваат смртни, бидејќи ги расипуваат духовните сетила и ја блокираат душата.
Преземањето одговорност значи ослободување од тие 7 смртни гревови. Веројатно сте слушнале некој да каже: „Не можев да одолеам“. Вистината е дека сепак можеше!
Гордоста може да има повеќе значења, но најчесто е она кога луѓето сметаат дека се подобри од останатите. Таквите ставови се погрешни. Кога и да почувствуваме дека сме посебни, подобри, законот на промената дејствува и без милост нѐ спушта на земја! Така секогаш го добиваме заслуженото. Понизноста е она што нѝ е потребно за нашиот спиритуален напредок. Запомнете: Гордоста наштетува, никогаш не е од корист!
Зависта е маскирана желба и несреќно чувство на очајна желба по нешто што останатите го имаат, како што е успехот, среќата, карактерните црти, богатството… Со други зборови, зависта е разорна емоција која нѐ прави несреќни затоа што го немаме тоа што другите го поседуваат, но не сакаме ниту тие тие да го имаат.
Ненаситноста (дрчноста) е прилично негативна особина која се манифестира со прекумерно и беспотребно внесување храна во организмот. Дрчната личност иако нема потреба од дополнително количество храна, сепак посегнува преку своја волја, дури и тогаш кога тоа ѝ пречи. Дрчноста се смета за исклучително негативна особина во периодите од историјата на човештвото кога владеел голем глад. Додека луѓе умирале поради недостаток од храна, богатите се расфрлале со намирници. Освен храна, во дрчност може да спаѓа и неограничено консумирање алкохол.
Копнеж и блудот не можат да се сместат во една категорија, бидејќи постоеле различни сфаќања во текот на развојот на општеството. Порано прељубата се третирала како блудничење и кривично дело. Додека, пак, денес владее сосема поинакво мислење. Блудот обично се употребува кога се опишува некое криминално дејство во кое се случуваат сексуални активности, често поврзано со порнографија.
Гневот (бес или лутина) е емоционална реакција, која може да биде предизвикана од објективни случувања, но и ирационална, неразумна предизвикана автосугестија. Гневот се манифестира со силни емоционални реакции преку говор со повисок тон – викање, намерна некому да се нанесе болка, страдање и сл.
Алчноста е особина карактеристична за луѓе кои сакаат да имаат сè за себе. Тука не станува збор само за алчност во поглед на материјалното, туку и духовното.
Мрзеливоста е особина што ги опишува луѓето кои ја изгубиле животната цел и ентузијазмот, како и желбата за творење. Мрзеливоста не значи неделно излежување во кревет, гледање спортски натпревари, филмови, или пак одморање на плажа. За да може некоја од овие активности да прерасне во мрзеливост, неопходно е да биде правило во животот, а не исклучок кој се случува повремено.Целта на нашето постоење се напредокот, искуството, растот. Целта на нашата душа е да се развие на повисоко духовно ниво.
Човекот е многу п

Пронајдете не на следниве мрежи: