Приказна која го расплака Балканот: Судбината на едно детенце…

Семејството Неделковиќ од Обреновац го предаде малиот Ајмен кој го чувале година дена по што таткото Фират го земал со себе и заминал во Западна Европа.-Еве ти го детето. Чувај го како што ние го чувавме, во солзи му кажал Радош додека му го давал шестнаесет месечното бебе на младиот Фират од Ирак. Со болка во срцето, семејството на кое му припаднало малиот Ајмен, (Александра и Сузана Неделковиќ) се разделиле од бебето кое цела година го гледале како да е нивно роденот чедо. 
Впрочем, ветувањето кое Фират, емигрант од Ирак кој бил на пат кон Европа со својата бремена сопруга е исполнето. Тој прв пат се сретнал со Радош во ноември 2013 година, во Институтот за неонатологија во Белград.
Таа студена есенска ноќ, Радош Ѓуровиќ, директор на Центарот за заштита и обезбедување на правна помош за барателите на азил, добил повик од Институтот каде му било пренесено дека дошло на свет бебе “емигрант” кое се родило во седмиот месец од бременоста, со многу мали шанси да преживее. Впрочем, мајката веќе изгубила две бебиња. Исцрепена од пешачење по патеките кои ги знаат само оние кои криумчарат со луѓе, таа почнала да чуствува болки во Бугарија. Цели девет часа нејзиниот сопруг ја носел на грб до Србија. 
Вака Радош ја започнал трогателната приказна на младиот човек кој го сретнал во Институтот.
-Јас ти го оставам детето. Ако преживее чувај ми го, а ако умре закопај го! Јас морам понатаму, со овие зборови младиот татко се збогувал од Радош кој му ветил дека ќе го контактира пак за да си го земе чедото.
Иако многумина мислеле дека бебето нема да преживее, сепак среќата му се насмевнала на малиот Ајмен. Лекарите го спасиле, а што понатаму со Ајмен била одлука на Радош. Тој успеал да ја помине комплицираната правна процедура и благодарение на помошта од Центарот за социјални работи во Белград бебето растело во домот на семејството Неделковиќ. Сузана и Александар му пружиле дом и со огромна љубов се грижеле за Ајмен чии бели дробови не биле целосно развиени. Но тие го вратиле во живот со љубовта која му ја пружале, со родителското крило во кое до тогаш била само нивната ќеркичка. Тие биле свесни дека еден ден, биолошките родители на Ајмен може да тропнат на нивната врата и да си го земат Ајмен со нив. Но никој не претпоставувал дека ваквата разделба ќе ги остави скршени до крајот на животот.
Фират, таткото на Ајмен пристигнал во Белград пред една недела. Тој конечно добил азил и виза за Србија. Впрочем, пред неколку месеци му се јавил на Радош и му кажал дека чека азил. Кога слушнал дека неговиот син е жив, неговиот и животот на сопругата се претвориле во “борба за азил”, борба за влез во Србија.
Родители од Ирак, а дете родено во Србија!
Иако не било лесно да се поврзат овие два факта, сепак Радош направил се Ајмен да биде со вистинските родители. Го искористил сето свое знаење, енергија, а најмногу и желба. Секојдневно ги посетувал министерствата во Белград, Службите за социјална работа, граничната полиција – се со цел да го спои Ајмен со биолошките родители. Фират, кој во Белград останал пет дена никогаш нема да ги дознае сите препреки и маки кои ги поминал неговиот пријател од Србија, Радош за да во петокот утрото Ајмен биде во прегратка на својот биолошки татко. 
А кога Фират стигнал во една од земјите во Западна Европа, каде денес живее му пратил порака на Радош во која вели “Се е во ред, брату мој! Ајмен не плаче. Мајка му го држи во прегратка”.
Со Александар и Сузана Фират се сретнал во Центарот за социјални работи – како што и наложува процедурата. Психологот Даворка Филиповиќ, која го водела случајот на Ајмен знаела дека мора да развие доверба помеѓу Фират и семејството Неделковиќ. Сузана и Александар му откриле на Фират дека Ајмен е најдоброто бебе на целиот свет, бебе кое сака музика, игра и бебе кое никогаш не плаче.
-Никогаш не сакав да го оставам својот син. Но тое беше единственото решение и спас. Само така знаев дека мојот син нема да страда. Сакав да ја почуствува нашата љубов. Сакав еден ден да може да спие во мајчината прегратка, признал Фират при тоа додавајќи дека цел живот ќе им биде должник на Александар и Сузана, при тоа велејќи им дека Ајмен сега има две семејства.
Кога Фират пристигнал во Обреновац и го здогледал својот син, го земал во прегратка и му рекол “сине мој”. Тој научил неколку српски зборови, се со цел да може да го разбере, почуствува…
Разделбата на Ајмен со семејството Неделковиќ
Социјалните работници не сакале одма да му го предадат детето на Фират, барем дур малиот Ајмен не се навикне на својот татко. Фират неколку дена живеел во семејната куќа на Неделковиќ, за да во петокот си замине од Србија.
-Најтешко им беше на Сузана и Александар. Се обидуваа. Навистина се обидуваа, правеа се што можат за Ајмен да се зближи со татка си.  Се обидуваа да го заспијат во негова прегратка, да го нахранат од негова рака…Но не беа свесни дека разделбата ќе ги скрши. Болката беше најголема кај нивната ќерка. Тие никако не успеаа да ја утешат. Во средата и се разболи. Остана во кревет. Не го испратила нејзиното помало братче на аеродром. А на аеродромот солзи, тага, нежност, анксиозност…
-Не не заборавај Ајмен, беа последните зборови на Неделковиќ.-Еве ти го детето. Чувај го како што ние го чувавме, во солзи му кажал Радош додека му го давал шестнаесет месечното бебе на младиот Фират од

Пронајдете не на следниве мрежи: