Прилеп наскоро ќе добие природен гас

Македонските прилепски компании ќе бидат првите корисници на природниот гас од новиот гасовод кој ќе се протега од Неготино до Пелагонискиот регион.Првите количества од овој енергент низ гасоводот ќе протечат за две години вели првиот човек на  АД за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурс,  Крсте Миладинов.
Градоначалникот на Прилеп го пофали проектот и нагласи дека компаниите и граѓаните на Прилеп ќе ја имаат таа можност  поекономично и поефикасно да работат и да го користат овој енергенс.
Од Македонски енергетски ресурси, велат дека станува збор за веќе изграден магистралниот гасовод од Клечовце до Штип, што во Македонија го изведува руска компанија, а  набргу  ќе се гради и гасоводна мрежа низ градовите во цела Македонија, при што гасот ќе биде достапен за компаниите и граѓаните.
Приклучокот на едно семејство кон оваа мрежа ќе чини симболично 6.000 денари, а ефектите во заштедата на другите енергенси ќе биде огромна.
За изградбата на сите четири  магистрални делници, гасовод, Клечовце – Штип, Штип- Неготино, Неготино–Прилеп-Битола и Скопје – Тетово – Гостивар, во должина од 204 км плус 61 км, пари се обезбедени преку кредит од германската Дојче банка и Ерсте групата, во висина од 90 милиони евра.
Првите количества од овој енергент низ гасоводот ќе протечат за две години вели првиот човек на  АД за вршење на енергетски дејности Македонск

Пронајдете не на следниве мрежи: