Сојузот на борци од Прилеп заедно со локалната самоуправа денеска ја договараа програмата која што треба да се одржи по повод големиот национален празник „11 Октомври“. На средбата беше истакнато дека ќе има богата-културно уметничка програма која што ќе го одбележи празникот и антифашистичката револуција која што започнала токму од градот Прилеп. Исто така беа потенцирани одличните односи, релации и соработка во овие изминати 12 години помеѓу организацијата на борци и Општина Прилеп.„Традиционално пред големиот национален празник „11 Октомври“ имаме средба со организацијата на борци од нашиот град, на која што ги договараме активностите кои што ќе се одвиваат во текот на празникот. Покрај стандардниот огномет и напад на Участакот ќе имаме отворање на неколку проекти, голем број изложби, културно-забавна програма, спортски манифестации. Тие неколку денови во Прилеп се ќе биде во духот на „11 Октомври“. И во оваа прилика сакам да ја истакнам одличната соработка која што ја имаме со организацијата на борци во овие изминати 12 години и голем број на идеи кои што заедно сме ги реализирале како што се одбележување на настани, организирање на разни свечености, поставување на спомен обележја кои се поврзани со НОБ, па се до голем број на други проекти кои биле организирани во текот на овие 12 години како што се : комплетното реновирање на Участакот, комплетното реновирање на Паркот на Револуцијата, обновувањето на Алејата на непобедените, каде беа украдени сите бисти, поставен е споменик на Кузман Јосифоски – Питу, Блаже Конески, Круме Кепески, исто така голем дел од предлозите од имињата на патеката на славните потекнаа токму од боречката организација и уште голем број на други проекти“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Од организацијата на борци рекоа дека Прилеп треба да биде горд што е град на голем број на револуционери и борци кои што учествувале во НОБ затоа што тоа било првото ослободително движење на Македонија после многу востанија кои се организирале во минатото.
„11 Октомври“ претставува значаен празник за македонскиот народ кога со таа акција која започна во Прилеп се отвори едно револуционерно движење против вековните ропства за слобода, правда и создавање на македонска држава. Градот Херој достојно секоја година го одбележува овој празник кој што не е само празник на Прилеп туку и на цела Македонија. Со локалната самоуправа секоја година заедно го координираме, договараме и одбележуваме овој празник. Има голема програма од различни дејности и достојно одбележување со поставување на свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски – Питу и Могилата на Непобедените. Имаме коректна соработка со локалната самоуправа и според можностите секогаш не помогаат на овие значајни одбележувања“, вели Круме Соколоски, претседател на организацијата на борци од Прилеп.
Од организацијата на борци истакнаа дека без почитување на минатото еден народ нема сегашност и нема иднина, затоа нивната порака е и понатаму да се почитуваат сите оние кои ги дале своите животи за слободата и создавањето на македонската држава.„Традиционално пред големиот национален празник „11 Октомври“ имаме средба со организацијата на борци од нашиот град, н