Прилеп повторно домаќин на Поштенски маратон

Градот Прилеп втора година по ред е домаќин на меѓународниот Поштенски маратон. Како и минатата, така и оваа година маратонот е под покровителство на „Македонска пошта АД“ и Општина Прилеп.„9-ти октомври е светскиот ден на Поштите и одржувањето на Поштенскиот маратон всушност претставува вклучување на „Македонска пошта“ во меѓународното одбележување на Поштенскиот ден. Со него сакаме да ја подигнеме јавната свест за здравиот начин на живот како и за популаризирање на маратонското трчање и поштенската дејност кај нас“, посочија   организаторите и додадоа дека одборот на маратонот одлучи годинешната целокупна стартнина уплатена од страна на учесниците да биде донирана на фондот за помош на поплавените подрачја во Македонија, со што „Македонска пошта“ и целокупната заедница на тркачи на долги стази се вклучува во хуманитарните активности насочени кон ублажување на последиците од катастрофалната поплава која зафати неколку подрачја во Македонија.
Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави присутните и настанот, кој во градот се случува по втор пат и посочи дека градот под Марковите кули од година во година станува се по препознатлив по развојот на екстремните спортови и на сите учесници кои се пријавија на поштенскиот маратон им посака многу среќа.
Годинешните трки беа организирани во три различни категории од 5 км. (трка), 21 км. (полу-маратон) и 42 км. (маратон), а еден месец пред одржувањето на маратонот официјални претставници на најголемата асоцијација за маратони во светот, „Асоцијацијата на интернационални маратони и трки на далечина“ (AIMS- Association of International Marathons and Distance Races) ја сертифицираа патеката на Поштенскиот маратон, по што тој ќе биде и нејзин официјален член.
Со ова Поштенскиот маратон ќе биде поставен на листата на светски познатите маратони и ќе привлече маратонци од целиот свет.„9-ти октомври е светскиот ден на Поштите и одржувањето на Поштенскиот маратон всушност претставува вклучување на „Македонска пошта&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: