Основниот суд Скопје 1, рано утринава по сериозната анализа на аргументите одлучи дека не постои никаква основа да се одреди мерки притвор за осум лица, како што бараше Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева.Целиот предмет на Јанева бил прилично слаб и само врз основа на сомнителни искази на четири лица, се инсистирало изрекување на притвор за осуммина, иако за тоа не постоело никакво логично образложение.
Апсурдот да биде поголем, кога гневот на тимот на Катица Јанева кулминирал, нивниот настап бил толку вулгарен што единствениот градоначалник Македонец во Албанија, Едмонд Темелко, бил брутално напаѓан заради тоа што имал македонска партија во соседната држава и постоела опасност тој да ги повика Македонците да гласале за ВМРО-ДПМНЕ, пренесе Курир.
Присутните се чуделе на ваквите испади на СЈО со аргумент дека и Заев повикува граѓаните да гласаат за СДСМ и американскиот претседател Барак Обама повикувал на изборите во УСА да се гласа за него и дека тоа е дел од работата на секој политичар.