Сигурно ви е познато дека секој човек има свој заштитен камен или парче накит кој може да му послужи како амајлија и да му донесе среќа и љубов како и работни успеси и пари.Доколку на некој од вас не им оди баш најдбро во животот, набавате си свој среќен камен или накит и состојбата ќе ви се поправи!
Овен
Овновите според своите зодијачки правила ги штитат- цирконите, дијамантите , златотот и рубинот. Во периодот која одите на работни состаноци вашите шанси за успех би можеле да се зголемат и со носејќи тиркиз, оникс, аквамарин и топаз. За љубовните средби исклучиво бирајте лапис лазули, бисер или сребрен накит. Треба да носите повеќе алки од сребро.
Бик
Вие сакате накит, иако Биковите често делуваат „раскошно“ и без него. Смарагдот и жадот најмногу ви одговараат. Другите можете да ги убедите во се што сакате доколку носите црвен накит, гранат но и розенкварц. Секогаш е време и за забележливи обетки за големи шноли во косата со каменчиња.
Близнаци
Вашата младалашка природа сака нежни тонови на накит. Топазот сосема ви одговара но не би било лошо и доколку ја користите магичната моќ на зеленкастиот тиркиз за такните љубовни состаноци и сини тонови на накит за работните состаноци. Ќе бидете уверливи и заводливи и со ланче од корал.
Рак
Ви одговара сребрен накит и накит со сини тонови. Сепак, доколку тргнете на работен состанок златната алка ќе ви донесе повеќе успеси посебно комбинирана со слонова коска или со комбинација од бело и жолто злато. Доколку сакате да заведете некој кој има врска со странство ставете било каков накит од малахит или гранит.
Лав
Златниот накит, дијамантите, рубинот… тоа е вашиот избор! Но планетите во одредени периоди ви одредуваат да ја засилите својата интуиција со бакар, сребро или платина. Деталите од зелениот турмалин и тиркиз или пак прстен со син сафир може да направат чудо посебно во таните љубовни авантури со некој Рак или Бик.
Девица
Малахитот и топазот сосема ви одговараат. Меѓутоа, кога Сатурн е во вашиот знак, прстенот со камен од црн оникс или гранат ќе ги привлечат погледите на спротивниот пол. Жолтиот сафир или прстенот со смарагд можат да привлечат личност која ви се допаѓа.
Вага
Розевкасниот турмалин и александрит ви даваат енергија и потребен шарм и ве полнат енергетски. Зеленкастиот и розевкастиот накит ја зголемуваат вашата харизматичност. Доколку одите на работни состаноци слободно ставете на себе прстен од црвен спинал или бакарна алка а за вечерните излегувања ставете некој привезок со тиркиз или жад. Може и имитација.
Шкорпија
Црн бисер, дури и на чипкан фустан одлилно ви стои вам. Делувате неодоливо со накитот од платина, хематит или прстен од рубин. Моментално планетите ви советуваат дека треба да бидете понежни во избирањето накит и дека добро би ви дошло ланче од сребро или прстен од аквамарин. Мажите повеќе би се охрабриле да ви пријдат.
Стрелец
Смарагд и сафир- вашиот омилен драгоцен камен можете да го замените и со накит од слонова коска. Совршено би ви одговарала и имитација како и прстен од цитрин посебно за работните разговори и би ви донел многу среќа кога се во прашање парите. За љубовните средби задолжително ставете прстен од брилијант.
Јарец
Сакате тиркиз, гранит, оникс, но за заведување користете малахит или жад, било кој детал од овој камен во зелена боја. Тој може да ви помогне и во контактите со странци. За љубовните средби користете црвен турмалин или вештачки бисер. Ќе делувате попитоми со тоа. За други работни состаноци искористете парче од било која врста на полудраг камен со виолетова боја.
Водолија
Вашиот омилен накит се големи алки, може и од алпака или со камења од тигрово око и бирате обично тиркиз. Слободно носете ги, дури и имитација и тоа во вид на големи привезоци. Ориенталните ланчиња во вид на сребрени привезоци ќе ви го подигнат моралот и расположението. За вечерните часови бирајте корал.
Риби
Вашата нежна природа обично сака аквамарин, бисер и аметист и слободно можете да го носите тој накит покрај сребрени алки и ланчиња. Треба да се ориентирате на накит со зелени тонови како што е зелениот тирмалин. Посебно обрнете внимание на чевлите со некаков украс во темновиолетова боја. Доколку на некој од вас не им оди баш најдбро во животот, набавате си свој среќен камен или накит и состојбата ќе ви се поправи!
Ов