Проект „Син зрак“ – оружје за масовна контрола на човештвото

Проектот „Син зрак“ е замислен како вовед во Новиот светски поредок. Тој вклучува во себе идеи како една светска армија, обединување на религиите во една заедничка, елиминација на парите во готово, плаќање само и исклучиво по електронски пат, поставување чип во секој жител на планетата. Сето ова ќе се контролира од светската елита.Овие наизглед застрашувачки идеи се камуфлирани така што човекот ги гледа само од „доброто“ за државата, да му се втемели идеологијата дека нешто се прави за негово добро, за неговата безбедност и мирен живот. Тука на помош доаѓаат медиумите – сеење на страв и паника во општеството со постојаното нагласување на опасноста од тероризам, глад, војни, финансиски кризи, банкрот, оружје за масовно уништување, итн. Тоа е типично користење на формулата „проблем-реакција-решение.“
Во проектот Син зрак (Bluebeam), постојат планови за исцениран вонземјански напад над планетата и луѓето. За таа цел ќе биде користена развиена технологија за холографски слики. Со неа ќе се „проектираат“ вонземјански бродови, кои ќе се гледаат низ целиот свет.
Медиумите ќе влијаат врз настанот на соодветен начин, соопштувајќи дека планетата е нападната од злогласни вонземски цивилизации. Единствено решение (однапред изрежирано) во случајот, ќе биде воведувањето на единствена светска влада и армија кои ќе го спасат и штитат човештвото.
Оваа идеја беше споделена уште пред многу години од претседателот Реган, според кого лесна причина за обединување на човештвото би било да дојде до напад од вселената.
ХААРП
Во проектот се вклучени и други идеи, како на пример употребата на Blue Ray холографија и технологијата ХААРП. Со нивна помош ќе бидат репродуцирани предвидувања, библиски „чуда и знаци“, со помош на кои луѓето ќе можат да ги видат верските божества од најраспространетите религии и да ги гледаат како нешто реално што се случува. Целта е создавање на единствена светска религија, со која управувањето на масите би било многу полесно.Овие наизглед застрашувачки идеи се камуфлирани така што човекот ги гледа само од „доброто“ за државата, да му се втемели идеологијата

Пронајдете не на следниве мрежи: