Владата на Република Македонија во настојувањето за решавање на еден од најгорливите проблеми во државата, невработеноста, започна со реализацијата на проектот МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА.Целта на овој проект е придвижување на економијата и забрзано отварање и создавање на работни места преку спроведување на политики и мерки кои ќе допринесат илјадници невработени лица од различна воздраст и со различен статус да се вработат. Овој проект представува континуитет на Владата на РМ во борбата со невработеноста преку предходно донесените мерки за вработување на млади лица, со ослободување од плаќањето на придонеси во период од 12 месеци, мерка која им помогна компаниите во РМ во намалувањето на нивните трошоци за новите вработувања и развој на нивните бизниси. Со овој проект, се овозможува олеснето и повластено вработување на повеќе групи на невработени граѓани во државата и огромен опфат на невработени граѓани кои ги исполнуваат условите, за нивно побрзо и полесно вработување.
Со проектот Македонија вработува опфатени се следниве групи на граѓани:
– прва група: невработени лица до 35 години возраст, кои што претходно немале заснован работен однос или кои имале претходно заснован работен однос, но пред вработувањето согласно со мерката биле невработени најмалку три месеци. Компаниите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход, за оваа група во траење од 3 години сметано од денот на вработувањето при што работодавачот е должен да го задржи лицето уште 1 година, по истекот на периодот за којшто е ослободен од плаќање придонеси и персонален данок на доход.
– втора група: невработени лица на возраст од 35 до 50 години, кои во последните 15 години биле најмалку 10 години невработени и најмалку три месеци пред вработувањето немале заснован работен однос. Работодавачот кој ќе вработи лице од оваа група ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 5 години од денот на вработувањето, при што е должен да го задржи лицето уште 1 година, по истекот на периодот во којшто е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.
– трета група: невработени лица на возраст над 50 години,
– четврта група: невработени лица кои се родители на три или повеќе деца и кои најмалку три месеци пред вработувањето немале заснован работен однос; самохрани родители и членови на еднородителско семејства кои најмалку три месеци пред вработувањето немале заснован работен однос; приматели на социјална парична помош; деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно со Законот за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно со прописите од пензиското и инвалидското осигурување; професионални војници на кои им престанал работниот однос согласно со Законот за служба во Армијата на Република Македонија и родители на деца со пречки во развојот кои се корисници на посебен додаток најмалку три месеци пред вработувањето.
За третата и четвртата група, работодавачот кој ќе вработи лице од овие две групи е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 5 години од денот на вработувањето без понатамошна обврска за работодавачот.
– петта група, се однесува на највозрасните работоспособни невработени лица над 58 години кои во последните две години се невработени. Работодавачот кој ќе вработи лице ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување до исполнување на условите за стекнување на правото на старосна пензија.
Мерките од проектот Македонија вработува, заедно и со претходно донесените мерки и програми, како на пример: проекти за самовработување со кредитирање, проект за самовработување со кредитирање на млади лица до 29 години, вработување на млади 1+1 за кој патем кажано е распишан нов оглас за 700 практиканти, проектот за кредитирање на микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места, проектот за кредитирање на микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места за лица до 29 годишна возраст и сите останати активни мерки на Владата на РМ за намалување на невработеноста веќе дадоа одлични резултати.
За успешноста на сите овие проекти, програми и мерки доволен е само фактот што невработеноста во РМ веќе се намали од преку 36% на 25%. За потврда на овие факти ќе споменеме само дека бројот на евидентирани лица во АВРМ се намали од 224.201 во јануари 2015 на 214.515 во август 2015 или за скоро 10.000 помалку, а во Битола од јануари до август 2015 год., се намали за 772 лицаЦелта на овој проект е придвижување на економијата и забрзано отварање и создавање на работни места преку спроведување на политики и мерки кои ќе д