Професии во кои најмногу се консумира кафе

Според истражување спроведено од „Dunkin’ Donuts“ вработените во хотел, адвокатите и судиите најмногу го сакаат своето кафе црно. Вработените во човечки ресурси и медицинските сестри кои работат во домашна нега најмногу сакаат да пијат кафе со крем и шеќер. Додека пак, уредниците/писателите, вработените во државна установа и професорите уживаат кога додаваат арома во своето кафе.
Од сите оние кои учествувале во ова истражување, 46% изјавиле дека се помалку продуктивни без кафе, 61% пиеле барем 2 кафиња дневно за да ја издржат својата работа и 49% признале дека имале голема потреба од пиење кафе во текот на денот.
И покрај тоа што истражувањето е од минатата година, секогаш е интересно да се забележи поврзаноста на видот на кафето со одредена професија. Погледнете ги и наредниве статистики и размислете дали се совпаѓаат со вашите досегашни искуства за количината на кафе која ја конзумирате со вашите пријатели и соработници.
1. Научници и лаборанти2. Маркетари и професионалци за односи со јавност3. Раководството во образовните институции4. Уредници и писатели5. Раководството во здравствените институции6. Доктори7. Готвачи8. Професори9. Социјални работници10. Професионалци во областа на финансиите11. Медицински сестри за домашна нега12. Координатори за човечки ресурси13. Медицински сестри14. Вработени во државни установи15. Искусни трговци
извор:lady.mkСпоред истражување спроведено од „Dunkin’ Donuts“ вработените во хотел, адвокатите

Пронајдете не на следниве мрежи: