петок, 27 ноември 2026
Најново

Прогласени победниците во училишните спортски лиги

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, претставници од општината, директори на основни училишта, истакнати спортски работници и родители, присуствуваа на заокружувањето на спортските активности во спортската сала Методија Андонов Ченто во н.Маџари, во рамките на училишните спортски лиги, организирани од општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба, a поддржани од општина Гази Баба.Градоначалникот се обрати пред присутните, ги поздрави младите и успешни учесници и им посака и во иднина да продолжат да бидат истрајни во желбата да бидат спортисти и да бидат уште поуспешни. Toj изјави дека за наредната година се издвоени средства во висина од 500 илјади денари за нови реквизити и спортска опрема,за учесниците во училишните спортски лиги. На сите првопласирани екипи и поедници од лигите и турнирите кои се организираа во учебната 2015/2016 година, општината ќе им организира еднодневна екскурзија низ Македонија.
Градоначалникот на г-ѓа Милевка Андоновска во знак на благодарност за голем придонес, развој и ангажман во училишниот спорт и додели плакета.
Познати и признати личности од областа на спортот беа дел од овој настан, и тие ги доделија пехарите на најдобрите и дипломите на сите учесници.
Листата на учесници кои добија пехари и дипломи можете да ја погледнете на следниот линк.Градоначалникот се обрати пред присутните, ги поздрави младите и успешни учесници и им посака и во иднина да продолжат да бидат истрајни во желбата

Поврзани вести