Промоција на книгата „Јавна и културна дипломатија“ од м-р Васко Шутаров

Делото „Јавна и културна дипломатија“ од м-р Васко Шутаров, е резултат од долгогодишниот интерес на авторот за темата на културната дипломатија и плод на неколкугодишно истражување од оваа област, како пратеник и Претседател на собраниската Комисија за култура, а посебно како прв човек на нашиот Културно- информативен Центар во Софија.Јавната и културната дипломатија, како неодвоив дел од современата дипломатска пракса, се легитимираат како нови научни дисциплини, изучувани на најпрестижните светски универзитети, од Харвард и Беркли, до Оксфорд, Сорбона, Пекинг, Анкара и Москва. И јавната, а посебно културната дипломатија се научни дисциплини кои важат за модерни,исклучително актуелни и најдинамични од областа на општествените науки, најчесто и заради богатата палета од културни практики во современите меѓународните односи.
Јавната, а посебно културната дипломатија, веќе одамна се дефинирани како ''мека, софистицирана моќ” во меѓународните односи-и како такви и јавно признаени и практикувани од највлијателните политичари и државници од втората половина на 20 век, до денешни дни. Авторот, подготвувајќи ја оваа студија, најнапред ги имаше во предвид културните практики на највлијателните земји во светот, анализирајќи ги културните политики во надворешните односи на преку 30 земји во светот. Кои држави во светот најмногу вложуваат во своите културни дипломатии? Kаква е методологијата на вмрежување на актерите во меѓународната културна комуникација, кои се институциите кои ја креираат и реализираат културната дипломатија? Kаква е генезата на развојот на културната дипломатија од крајот на Првата светска војна, преку Студената војна и кои се перспективите на современите културни потфати во дипломатијата,посебно во ерата на забрзан информатички и технолошки развој?. Каде се допираат а каде се разминуваат јавната и културна дипломатија со сродните дисциплини и практики, како што се брендирањето и пропагандата ? И конечно, какви се перспективите за заедничка културна политика и дипломатија во заедничкиот европски културен простот на ЕУ, а каде местото на помалите земји, меѓу кои и нашата земја на светската културна мапа? Тоа се најважните тематски циклуси кои го окупираат авторот во делото „Јавна и културна дипломатија“.
Културната дипломатија како научна дисциплина е во својот зародиш и во Р. Македонија, но и во земјите од поблиското окружување во регионот. И покрај динамичните културни практики од меѓународната културна (и образовна, научна, туристичка, спортска) размена, научната литература од оваа област, освен фрагментарно низ поединечни истражувања, нема добиено своја поголема јавност и легитимација во научната мисла во регионот. Оттука и дополнителниот ангажман на авторот, преку истражувањето на најдобрите културни практики на најуспешните земји во светот од оваа област, да ги приближи на нашиот читател, но и на секој чинител кој учествува во културната промоција на своите културни дела (а со тоа и културните вредности на својата земја), да најде во ова дело и свој прирачник и патоказ, во исклучително конкурентниот пазар на културни понуди.
Книгата „Јавна и културна дипломатија“ отвора нови теми, надвор од контурите на досегашната традиционална дипломатија, откривајќи му ги на читателот сите нови перспективи и предизвици на современите дипломатски појави, низ призмата на меѓународната културна размена. Книгата изобилува со цитати од најпознатите политичари во изминатите десетолетија, меѓу кои во една од нив, авторот го цитира Жан Моне, таткото на идејата за европското обединување, со една луцидна мисла која најдобро го одразува значењето на темата за културната дипломатија „Следниот пат градењето на обединета Европа ќе започне со култура, а не со економија“.Јавната и културната дипломатија, како неодвоив дел од современата дипломатска пракса, се легитимираат како нови научни дисциплини, изучувани на на

Пронајдете не на следниве мрежи: