Пронајдена кутија со смртоносна содржина, стара 100 години!

Американски научници од Националниот институт за здравје, открија голем број на смртоносни микроорганизми во лабораториски контејнер, стар 100 години. Заборавени патогени организми, меѓу кои и мошне отровниот токсин Рицин, се пронајдени во кутија од 1914 година, која била сокриена во лабораторија.
Откриени се траги кои предизвикуваат ботулизам (труење), чума, туларемија (акутна инфективна болест) и ретката тропска инфекција мелиоидиоза.
Портпаролот на институтот изјави дека овие траги се пронајдени во истористките колекции.
„Наодите од овие агенси ја нагласуваат потребата за континуирано следење на лабораториската опрема во согласност со федералните прописи за биосигурност. Шишињата беа префрлени во лабораторија, а подоцна и уништени“ – изјавија од ФДУ, американска Агенција за храна и лекови. Заборавени патогени организми, меѓу кои и мошне отровниот токсин Рицин, се пронајдени во кутија од 1914 година, која била сокриена во лабораторија.

Пронајдете не на следниве мрежи: