Виенската полиција настојува да открие на кој начин повеќе од 100.000 евра во банкноти од по 100 и 500 евра завршиле во Дунав.Не е познато како парите се нашле во Дунав, ниту кој е нивен сопственик, се наведува во полициското соопштение, пренесува AP.
Портпаролот на полицијата Роман Хаслингер, изјави дека во последно време не е пријавен ниту еден грабеж, ниту, пак друго злосторство што би вклучувало толку голем паричен износ.
Хаслингер наведе дека доколку сопственикот не биде пронајден, парите ќе му припаднат на човекот што ги забележал во реката и скокнал во вода да ги извади.
Јавноста дозна за случајот откако млад човек скокнал во реката. Случајни минувачи помислиле дека тој сака да изврши самоубиство и веднаш ги повикале надлежните служби.
Инаку, во Австрија постои закон со кој се предвидува за секое пронаоѓање и враќање на изгубените пари кај сопственикот да се даде награда помеѓу 5-10 отсто од сумата.
Доколку не се најде сопственикот на изгубените пари, постои голема веројатност дека ќе останат кај пронаоѓачот.Не е познато како парите се нашле во Дунав, ниту кој е нивен сопственик, се наведува во полициското соопштение, пренесува AP.
Портпаролот н



