Овде се наоѓа одговорот на прашањето кое отсекогаш мачело многумина. Што ако најдеме влакно во храната?Многу луѓе се згрозуваат од пронаоѓањето коса во чинијата со храна или на одвратната тоалетна даска во јавно ВЦ, но вистината е дека тие воопшто не се опасни за здравјето на човекот!
Влакно во храна
Експертите за здравје велат дека не постои опасност ако налетате на влакно од коса во храната. Влакното се состои од протеинот наречен кератин и не пренесува патогени, пишува Popular Science. Влакното не може да предизвика проблем дури и да биде контаминирано.
„Можно е бактеријата стаф, која предизвикува пролив, да остане на влакното. Но, тоа е многу малку веројатно“, објаснува Марија Колавинчензо, која е дерматолог од факултетот Нортвестерн.
Тоалетна даска во јавно ВЦ
Првата работа којашто ни паѓа на памет се болестите и бактериите. Шансите се минимални да собереме бактерии како што е ешерихија коли. Во случај да седнете директно на шолја, ќе ја допирате со кожа, а експертите велат дека бактериите тешко ќе поминат низ кожата. Потребен им е допир со слузницата да се пренесат и затоа шансите за зараза се минимални. Ако не се во допир со човечкиот организам, бактериите не можат долго да преживеат.
Многу е важно добро да се измијат рацете пред и после нужда, бидејќи ќе допирате многу валкани предмети. Ако не ги измиете рацете, бактеријата можете случајно да ја пренесете на слузницата во устата.
Бубачки во храна
Апетитот нагло исчезнува кога ќе здогледаме инсект во храната. Но, експертите наведуваат дека тие воопшто не се штетни. Ако и дојде до „консумација“ на еден инсект, тоа ќе има добро влијание на човечкиот организам бидејќи инсектите се богати со протеини.Многу луѓе се згрозуваат од пронаоѓањето коса во чинијата со храна или на одвратната тоалетна даска во јавно ВЦ, но вистината е дека тие воопшто не



