Протеинска салата која е повкусна кога ќе „преноќи“ во фрижидер

Оваа медитеранска салата со туна е еден од ретките рецепти кои е повкусен кога ќе отстои.
Се работи за салата полна со протеини која ќе ви даде доволно енергија за целодневните обврски, а најдобро е ако ја подготвите од вечер.

Потребни состојки:
2 големи конзерви туна
200g варен наут
1 свежа краставица
1 свежа пиперка
½ главица кромид
2-3 сушени домати
5-6 маслинки
2 лажички копар или магдонос или зачин по желба


Прелив за салатата:
2 лажици маслиново масло
2 лажици оцет
1 лажичка лимонов сок
1 лажичкка сушен магдонос
1 лажичка сушено оригано
Сол и бибер по желба

Подготовка:
Исцедете ја туната од конзервата.
Ситно исечкајте ги сите останати состојки и промешајте ги со туната во голем стаклен сад. Додадете ги зачините.
Состојките за сосот измешајте ги во мала шолја и прелијте ја салатата. Оставете ја да отстои во фрижидер.
Послужете ја со брускети, тостиран леб или некои интегрални грисини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.