ПРОВЕРЕН РЕЦЕПТ- Најмеките БАБИНИ КИФЛИЧКИ

Loading...

Со овој одличен рецепт ќе ги воодушевите своите домашни а и гости.Го паметите ли мирисот и вкусот на домашните бабини кифлички? Сега можете да ги направите и сами!
Со овој одличен рецепт ќе ги воодушевите своите домашни и гости.
Состојки
1кг брашно
500 мл млеко
300 мл масло
2 јајца
2 мали лажички шеќер
1 мала лажичка сол
50 г свеж квасец
1 јајце (за премачкување)


Подготовка
Во млекото ставете го квасецот, солта и шеќерта. Во другиот сад помешајте го маслото, јајцата шеќерта и солта а потоа додајте го и млекото со квасецот. Додајте го брашното и замесете го тестото па оставете го 30 минути на топло место да се подигне.
Тестото поделете го на три дела. Секој дел посебно развлечете го и исечете го на 12 делови или 16 доколку сакате помалку кифлички. Ставете ги во садот во кој предтоа ќе намачкате маргарин ( околу 75гр) и оставете уште 30 минути на топло место.
Кифичките премачкајте ги со јајцето и ставете сусам или ким одозгора.
Печете ги во загреана печка на 200 степени околу 18-20 минути.

loading...