петок, 27 ноември 2026
Најново

Прв до Врв во недела на Водно: на врвот еко забава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Под мотото “сите на Водно”, во недела ќе се одржи ПРВ ДО ВРВ 2016, најмасовниот планински настан во Македонија.Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и олимпискиот пикник на целта кај врвот, каде ќе се одржи музичкиот еко фестивал.
Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.
На врвот од 11 часот ќе започне еко музичкиот фестивал каде ќе настапат групата Бета Хаус, Слаткаристика и DJ Гоце САФ. Во 13 часот ќе се одржи церемонијата на прогласување победници, а настанот ќе трае до 16 часот.
Сите пријавени учесници можат да ги подигнат своите стартни пакети во петок и сабота на плоштадот Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови истото ќе можат да го сторат и во недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.
ПРВ ДО ВРВ 2016 е подготвен за сите љубители и поддржувачи на спортот, природата и музиката, во недела на целодневен хепенинг на Водно.
Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната заедница.Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и

Поврзани вести