Прв пат во македонската историја: Се отвора фудбалската Академија „Вардар“

За прв пат во историјата на македонскиот фудбал, ФК „Вардар“ со гордост го најавува својот наследник – Фудбалската Академија „Вардар“.Свечено ќе биде отворена на 15.05.2016 (недела) вo 13 часот. На отворањето ќе бидат присутни 1000 дечиња од Академијата и регионалните школи со своите родители. Објектот свечено ќе го отвори сопственикот, господин Сергеј Самсоненко.
-Воедно Ве информираме дека истиот ден ќе биде поставен и камен-темелник на вториот дополнителен објект кој ќе ја надополни како целина Фудбалската Академија. Истиот ќе располага со фан шоп на ФК „Вардар“, музеј за спортскиот клуб, кантина за релаксација на родителите и подземен паркинг. На локацијата е предвидено соодветно партерно решение со патеки, ознаки, осветлување итн. Осветувањето на објектот ќе го изврши поглаварот на МПЦ, Господин Господин Стефан, информираат од таму.
Сите услови што ги нуди Академијата одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Академијата на ФК Вардар е подготвена за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија или во некои големи европски клубови.Свечено ќе биде отворена на 15.05.2016 (недела) вo 13 часот. На отворањето ќе бидат присутни 1000 дечиња од Академијата и регионалните школи со сво

Пронајдете не на следниве мрежи: