ПРВО ТЕТОВИРАЊЕ ПРЕД 5.300 ГОДИНИ: Избројана 61 тетоважа на телото на леден човек!

Иако Еци е пронајден пред 24 години, истражувачите годинава го откриле постоењето на 61 тетоважа на неговото тело.Двајца германски планинари во септември 1991. година, одлучиле да скршнат од утврдената патека. При својата прошетка пронашле човечко тело смрзнато до половина.
Во прв момент мислеле дека се работи за тело на некој исчезнат планинар. Меѓутоа со дополнителен преглед е утврдено дека е старо повеќе од 5.300 години!
Оваа мумија е наречена Еци, а се смета за најстара природна мумија некогаш пронајдена на европското тло. Изложена е во Јужно­тиролскиот музејо Болцано, Италија.
Иако Еци е пронајден пред 24 години, истражувачите дури годинава го откриле постоењето на 61 тетоважа на неговото тело. Ово откритие доста ги изненадило експертите.
 

The body of Ötzi the Iceman preserves 50 tattoos in the form of lines and crosses made up of small incisions in his skin…
Posted by Archaeology Magazine on Monday, December 9, 2013

„Не очекувавме да пронајдеме тетоважа во пределот на градите, со оглед дека сите останати се на зглобовите, на долниот дел од грбот и на нозете“, изјавил доктор Алберт Цинк, директор на Институтот за мумии.
Од кога Еци е пронајден, научниците вршеле бројни испитувања врз него. Така е и дојдено до откритието дека имал околу 45 години кога починал, како и дека пател од болести на срцето, Лајмска болест, болка во зглобовите и кариес. Новите тетоважи се откриени во подлабоките слоеви од темната кожа на Еци, со специјална „неинванзивна техника на фотографија“, наведуваат од Болцано.
Тетоважите се состојат од четири паралелни линии во должина помеѓу 2 и 2.5 сантиметри. Првобитната теорија за тетоважите на Еци била дека всушност се работи за траги на класична акупунктура со која се лечел.
„За нас е многу битно откривањето на вкупниот број на тетоважи на телото на Еци, што ќе ни овозможи да продолжиме да го истражуваме нивното вистинско значење ­ изјавил Цинк.Двајца германски планинари во септември 1991. година, одлучиле да скршнат од утврдената патека. При својата прошетка пронашле човечко

Пронајдете не на следниве мрежи: