ПСИХОЛОШКА ВОЈНА: Со потсвесни пораки ни го перат мозокот, а преку спотови и филмови се програмираат луѓето?!

Идејата дека некој може да ве контролира преку филмови, музика или реклами е застрашувачка. Не постои личност која не се плаши од „перење од мозокот“, па затоа и не се зачудувачки теориите за групи кои преку скриени слики и зборови се обидуваат да ги контролираат луѓето. Сето тоа е помалку чудно ако се знае дека навистина постојат потсвесни пораки и дека се употребуваат. Прашање е само дали се ефикасни.

Раѓање на идејата
Теоријата за потсвесни пораки и контрола над луѓето не настанале случајно, туку се заслуга на истражувачот на маркетинг Џејмс Викери.
Во септември 1957 година, тој во текот на прикажувањето на еден филм во кино пуштил две пораки: „Јади пуканки“ и „Пиј кока-кола“. Тие траеле само мал дел од секундата и никој ги нема забележано, но Викери соопшти дека благодарејќи на нив, продажбата на пуканки скокнала за 57,1%, а продажбата на кока-кола за 18,1%.
– Овие тврдења предизвикаа страв помеѓу луѓето. И покрај тоа што е докажано дека неговите тврдења се неточни и измислени, стравот од нов вид на маркетинг стана клучен во многу теории на заговор, пишува Френ Мејсон во енциклопедијата „Теории на заговор во американската историја“.
Авторот на „Многу нов свет“ Олдос Хаксли, смета дека потсвесните пораки се доказ за поништување на слободната волја. Секако, ЦИА веднаш сакаше да види дали техниката е успешна и спроведе слични експерименти, а маркетингшките и ТВ куќи продолжиле да ги испитуваат потсвесните пораки – пишува Сајмон Ли во книгата „Контрола на умот: Перење на мозокот, хипноза и ментализам“.

Повеќе од маркетинг
Кога Вилсон Брајан Ки во 1973 година ја објави книгата „Потсвесно заведување“, настана вистинска паника помеѓу луѓето.
– Не е можно да гледате телевизија или да слушате радио, а да ги избегнете нападите со потсвесни пораки. Сега знаеме дека потсвесните стимулации ги продаваат производите. Сексот е најчест употребуван збор во овој вид маркетинг. Овој збор речиси може да се најде во секоја реклама, скоро секој филм – пишува тој.
Сепак, многу луѓе веруваат дека потсвесните пораки се употребуваат за нешто повеќе.
– Холивуд е магично стапче. Нештата или идеите кои инаку се чинат како бизарни, вулгарни, непожелни и невозможни, се вметнуваат во фантастичните филмови. Кога публиката ги гледа тие филмови, умовите се отворени за сугестии и започнува процес на условување. Тие се осмислени да ги програмираат просечните луѓе дека таквите застрашувачки концепти со тек на време ќе станат нешто нормално и неизбежно – пишува публицистот Ален Ват. Како пример за тоа, тој ги набројува филмовите: „Матрикс“, „Еквилибриум“, „Игри на гладот“…

Специјална дозвола: Порака кон убиецот БТК
Потсвесните пораки се официјално забранети, но станицата „Каке ТВ“ во Канзас, во 1978 година доби специјална дозвола да пушти една таква порака. Поради теророт од тн. БТК убиец, во вестите пуштија цртеж со наочари и кратка реченица: „Повикај го сега шефот на полицијата“. Според тврдењата на полицајците и репортерите, се претпоставувало дека цртежот од наочари кој убиецот ги оставил покрај мртвото тело на Ненси Фокс, ќе предизвика грижа на совест и ќе го натера да им се предаде на властите. Обидот не дал никаков резултат.
Пораки во песните
Постојат теории дека во некои песни се кријат пораки кога ќе се пуштат наназад. Ова се некои од нив:
– Битлси „Revolution 9“: „Запали ме, мртов човеку“
– Лед Цепелин „Stairway to Heaven“, наводно се слуша: „Ова е за мојот сладок Сатана“
– Иглс „Hotel California“: „Да, Сатаната создаде сопствена религија“
– Мајкл Џексон „Don`t stop till you get enough“: „Придружи ѝ се на морнарицата“
– Бритни Спирс „Hit me baby one more time“: „Спиј со мене, не сум премлада“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: