сабота, 28 ноември 2026
Најново

Пуштен во функција новиот Дом за пензионери во Отовица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Здружението на пензионери од Велес  денеска на празникот Ѓурѓовден го пушти во функција Домот за пензионери во велешкото село Отовица во близина на Велешкото Езеро Младост.Домот е целосна реконструкција на поранешната Општинска – административна зграда во која било сместено Матичното одделение во село Отовица. Таа била изградена во педесеттите години на минатиот век, а функционирала  се до 1968 година кога била напуштена.
Како што информира за МИА, Веле Алексоски претседател на Здружението на пензионери, тие со сопствени средства во висина од 20 илјади евра извршиле целосно надворешно реконструирање на старата запуштена зграда, а набавен е и нов мебел за опремување на домот. Зградата е со 130 метри квадратни и има три простории: сала за состаноци,кујна,трпезарија.
– Освен за дружења на пензионерите и младите од село Отовица таа ќе служи и за состаноци на Месната заедница и други потреби за жителите од село Отовица и околните 12 населени села  во околината на Езерото Младост односно селата Сујаклари,Маматчево,Иванковци,Кумарино и останатите.Овој Дом ќе има регионално значење за жителите од овој регион во повеќе области од локалното живеење. Воедно  во соработка со општина Велес планираме во него наскоро  да се извршуваат и некои административни потреби на жителите,информира Алексоски.
Според плановите на Здружението на пензионери од Велес, како што информира претседателот  Веле Алексоски, се планира и изградба на Воздушна бања за пензионери во село Ораовец, а идната година и Дом за пензионери во селото Подлес.Домот е целосна реконструкција на поранешната Општинска – административна зграда во која било сместено Матичното одделение во село Отовица. Т

Поврзани вести