Пуштено во употреба повеќенаменското игралиште во Оравица!

Вчера на свечен начин во употреба беше пуштено повеќенаменското игралиште во Ораовица кое е целосна инвестиција од буџетот на општина Радовиш.Оваа игралиште е изградено според сите модерни стандарди за квалитет тргнувајќи од гумираната подлога од лиена гума, современата урбана опрема, модерните рефлектори за целосно осветлување како и трибините со капацитет од 500 луѓе.
Со самата изградба на овој прекрасен терен кој е осми по ред, општина Радовиш уште еднаш цврсто докажа дека ги исполнува дадените ветувања кон жителите на Ораовица и останатите населени места, притоа водејќи сметка за развој на масовниот спорт како на рекреативен така и на професионален план, давајќи целосна подршка на сите спортски клубови во општината-истакна Градоначалникот Сашко Николов.
Со самото пуштање во употреба на повеќенаменското игралиште, започна и турнирот во мал фудбал Ораовица 2016 на кој учествуват 16 екипи, а генерален покровител на турнирот е ЕЛС општина Радовиш.Оваа игралиште е изградено според сите модерни стандарди за квалитет тргнувајќи од гумираната подлога од лиена гума, современата урбана опрема, мод

Пронајдете не на следниве мрежи: