Путин нуди споменик за оној кој ќе издржи повеќе од три недели со неговата сопруга

Некогашната пријателка на Владимир и Људмила Путин, која е автор на книгата „Кревки пријателства“, Ирена Пиетш,  открива пикантерии за односот меѓу брачните партнери кои неодамна го најавија својот развод.
Додека Људмила Путин, својот, наскоро поранешен, сопруг во една прилика го нарече вампир, тој ја возврати топката, велејќи дека секој што ќе успее со неа да преживее три недели, заслужува споменик.
Во еден разговор со Пиетш, Људмила Путин наводно во шега рекла дека нејзиниот сопруг „за жал е вампир”, а рускиот претседател изјавил дека „секој што ќе успее со Људмила да помине три недели, заслужува да му се подигне споменик”, пишува Москов Тајмс.
Сопругата на Путин била фасцинирана од астрологијата, нешто за што тој немал многу слух, и веднаш ја замолчувал штом ќе почнела разговор за астролошките знаци.
Људмила на пријателката и се пожалила дека Владимир Путин го прекршил даденото ветување дека ќе се држи понастрана од шпионскиот свет кога во 1998 година се согласил да дојде на чело на ФСБ. Таа била длабоко погодена од таа ситуација мислејќи дека повеќе нема да може да го гледа сопругот.
Секогаш Људмина на пријателката Путин и го опишувала како вистински маж за неа, бидејќи „не пиел и не ја тепал”. Сепак, му забележува што повеќето вечери ги минувал со пријателите, додека таа послужувала. Важните разговори Путин ги правел во Финска, бидејќи сметал дека никаде во Русија нема безбедно место каде што може да зборува, а да не го слушнат оние што не треба.Некогашната пријателка на Владимир и Људмила Путин, која е автор на книгата „Кревки пријателства“, Ирена П

Пронајдете не на следниве мрежи: