Авангард е страв и трепет. Путин го надгледуваше лансирањето на новата суперсонична ракета

Авангард е страв и трпет. Путин го надгледуваше лансирањето на новата суперсонична ракета. Новата руска ракета „Авангард“, може да носи и нуклеарни и конвенционални боеви глави. Денеска беше успешно извршена првата проба…
Путин денеска изјави дека Русија е подготвена следната година да ги распореди првите хиперсонични проектили , способни за нуклаеарни напади.
Путин дојде во Националниот центар за управување со одбрана и нареди да се почне со тестирање. Лансирањето го изврши борбената единица за ракетни сили за стратешка намена од областа Домбаровски на условна мета на полигонот на територија на Камчатка” објави руската армија.

Ракетный комплекс «Авангард»Российская Федерация продолжает реализацию мероприятий по укреплению своей военной безопасности.Создание новых стратегических систем вооружений направлено на повышение обороноспособности России, предотвращение любой агрессии в отношении нашей страны и её союзников.Оборонно-промышленным комплексом России завершена разработка ракетного комплекса «Авангард» с принципиально новым оснащением – планирующим крылатым боевым блоком. Предприятия промышленности приступили к его серийному производству. Полет планирующего крылатого боевого блока совершается на высоте нескольких десятков километров в плотных слоях атмосферы, в отличие от традиционных боевых блоков межконтинентальных баллистических ракет, которые летят к цели по баллистической траектории. Он движется на межконтинентальную дальность с гиперзвуковой скоростью, максимальное значение которой превышает число Маха более чем в 20 раз. При движении к цели блок способен осуществлять управляемое маневрирование, как боковое (на несколько тысяч километров), так и по высоте, что обеспечивает непредсказуемость его полета для средств противоракетной обороны, возможность обхода зон действия их информационных и огневых средств.Кроме того, траектория полета планирующего боевого блока проходит ниже минимальной высоты перехвата заатмосферных огневых средств ПРО. Его перехват противоракетами ближнего действия также маловероятен из-за ограниченных возможностей наведения противоракет на скоростную маневрирующую цель и применения планирующим крылатым блоком современного комплекса средств противодействия ПРО.В позиционном районе Домбаровского соединения РВСН проводится комплекс организационных и технических мероприятий по принятию ракетного комплекса «Авангард» в эксплуатацию. Выполнены мероприятия по подготовке объектов инфраструктуры позиционного района соединения для эксплуатации ракетного комплекса. Проведена подготовка позиционного района в геодезическом и инженерном отношении для размещения ракетного комплекса. Проводится строительство новых и реконструкция старых объектов, обеспечивающих эксплуатацию и боевое применение комплекса. Модернизируются технические и инженерные системы, прокладываются кабельные линии электроснабжения, связи и боевого управления. Организована подготовка личного состава, вооружения, военной и специальной техники.#Минобороны #Авангард #Ракеты #РВСН #Вооружение #АрмияРоссии

Posted by Минобороны России on Thursday, July 19, 2018

“Во текот на летот со хиперсонична брзина, крстаречкиот блок изврши вертикално и хоризонтално водено маневрирање и во назначено време погоди условна мета на полигинот”, се потенцира во соопштението.
Детали за ракетата АВАНГАРД:
Руските научници работат на создавање суперотпорна легура врз база на титаниум која ќе ја штити термонуклеарната боева глава и контролниот блок на перспективното хиперсонично ракетно оружје „Авангард“ од високите температури кои достигнуваат неколку илјади степени целзиусови.
Телото на новиот хиперсоничен контролен блок за стратешка намена „Авангард“ ќе биде направено од титаниумска суперлегура која ќе биде исклучително отпорна на висока температура кои се создаваат при летање со брзини од 15-20 пати поголеми од брзината на звукот. Инженерите за развој на „НПО Машиноградба“ (НПО машиностроения) работат на нов материјал кој на овој објект ќе му обезбеди стабилен лет во услови кога доаѓа до создавање на тнр. ефект на плазма.
Концернот „НПО Машиноградба“ работи на нови материјали врз основа на титаниум кои ќе имаат исклучителни својства, пред сѐ кога е во прашање отпорноста на високи температури. Овој научноистражувачки проект е неопходен за развој на целосно нови тела за хиперсоничните ракети, како што е случајот со интерконтиненталната балистичка ракета „Авангард“, истакна за РИА „Новости“ извор од воено-индустрискиот комплекс.
Покрај хиперсоничната ракета за стратешки намени „Авангард“, научниците на „НПО Машиноградба“ работат на развојот на другата хиперсонична ракета „Циркон“ која повеќе ќе има оперативно-тактичка намена. Со овие ракети освен површинските воени бродови, ќе бидат опремени и нуклеарните подморница од нова генерација „Хаски“. Според различни извори од рускиот воено-индустриски комплекс, ракетата „Циркон“ ќе има проектирана брзина на летање од 4-6 Маха.
Како што за РИА „Новости“ објасни членот на Експертскиот совет во рамките на рускиот воено-индустриски комплекс Виктор Мураховски, работата над изработката на специјални типови на тело за ракети врз основа на титаниумска суперлегура нема да биде ограничена само на хиперсоничните ракетни системи „Циркон“ и „Авангард“. Покрај овие два проекти и маневрирачките боеви блокови кои ќе бидат во состав на интерконтиненталната ракета „Сармат“ ќе треба да бидат заштитени со овие суперлегури.
„Тука се работи за оружје кое ќе лета со брзина од најмалку 5 пати поголема од брзината на звукот. Исто така, вакви материјали ќе се користат и во развојот на останатите перспективни проекти кои допрва доаѓаат, но сѐ уште не се јавно обелоденети“, истакнува експертот.
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, во својот историски говор одржан на 1 март 2018, изјави дека системот „Авангард“ е способен во густите слоеви на атмосферата реализира интерконтинентален домет, при што може да развие брзина која е дури 20 пати поголема од брзината на звукот. Неодамна рускиот вицепремиер Јуриј Борисов, кој во тој момент беше заменик-министер за одбрана, изјави дека е потпишан договор за сериско производство на првата партија системи „Авангард“. Извор: „Авангард“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.